Историјата на современа Шпанија започнува со населувањето на иберските племиња на Пиринејскиот Полуостров, проследена преку колонизацијата на полуостровот од страна на Старите Грци, Фенекијци, преку освојувањето на полуостровот од страна на Римското Царство, протерувањето на римјаните и создавање на Визиготското кралство. Во почетокот на средниот век овие простори биле заземени од страна на Маврите и оваа територија била позната под името ел-Андалус, и како таква опстојувала до 1492 година кога била формирано Шпанското кралство и Шпанската империја. Во времето на империјата, таа станала најсилната држава во светот преку откривање и колонизација на Америка. Под притисок на Франција, оваа држава била водена од страна на Бурбонската династија, и нејзин крал денеска е Хуан Карлос I.
Хронологија
Пред XI век п.н.е., Шпанија била населена со ибериски племиња. XI век п.н.е. биле основани првите колонии Кадис од страна на Феникијците и Аликанте од страна на грците. VI век п.н.е. прво населување на келтите II век п.н.е. Шпанија паднала под Римска власт. Под истата се задржила до V век. 410 - 415 година, Шпанија била завладеана од страна на везготите 711 - 718 година, Шпанија била завладеана од страна на арабите и маврите VIII век до XI век, во Северна Шпанија се формирале независно христијански кралства како Кралство Кастиља, Кралство Навара, Кралство Каталонија и Кралство Арагон. VIII век до XV век, борба за протерување на муслиманите. Овој период е познат како Реконквиста. 1479 година, се создала единствена шпанска држава преку обединувањето на Кастиља и Арагон. XV век - XVI век, Големите географски откритија. Бил даден почетокот на големите колонијални освојувања. Биле заземени Мексико, Перу, Боливија итн. XVI век - XVII век, Англо-шпанска војна (1585-1604). XVIII век, по војната за шпанското наследство, Шпанија сè повеќе ги губила своите позиции во Европа и Новиот Свет. XIX век , период на револуции. 1923 година, воспоставена воена диктатура 1931 година, создадена република 1936 година, основан Народен фронт и започнување на граѓанска војна. 1939 година, неутралност во Втората светска војна 1947 година, објавување на монархија на чело со Франсиско Франко 1975 година, умирал генералот Франко. Хуан Карлос I бил прогласен за крал 1977 година, легализација на сите партии 1982 година, Шпанија се приклучува кон НАТО Праисториска Шпанија
Праисторијата на денешна Шпанија започнува со отривањето на најраниот запис за постоење на човеколик мајмун во Европа во пештера која се наоѓа на планината Атапуерка. Фосилите кои биле пронајдени таму датираат отприлика пред околу 1,2 милиони години. Современиот кромањонец на овие простори започнале да се населуваат пред околу 35.000 години. Во пештерата Алтамира постоела една од првите населби на овие простори пред околу 15 000 години. Според археолошките проучувања, на овие простори постоела развиена култура во источниот дел на Пиринејскиот Полуостров во времето на доцниот неолит и бронзената ера.
Фенекијците, Старите Грци и Картагените го населиле овој простор, колонизирајќи во околу 1100 п.н.е.. Фенекиските трговци го основале денешниот град Кадис. Во текот на IX век п.н.е. Старите Грци го колонизирале и основале градот Емпуриес по должината на Средоземно Море, преоставајќи го јужниот дел на Фенекија. Од Стара Грција најверојатно произлегло и името Иберија, според реката Ибар. Во VI век п.н.е. на полуостровот пристигнале Картагинците кои воделе војни со најпрвин со Грција а подоцна и со Римското Царство. Најважен град којшто го основиле бил денешниот Картагина.
Праисторискиот период на тогашна Иберија завршил со започнувањето на Пунските војни, период кога територијата влегла во доменот на т.н. пишана историја.
Иберија
Иберија е назив кој бил користен од страна на Стара Грција за денешниот Пиринејски Полуостров. Овој термин бил користен и од страна на Херодот. Проучувањето на Пиринејскиот Полуостров како географска целина се одвивало доста бавно. Еден од факторите бил поради разделеченоста од античкиот свет. Старите Грци и Фенекијците во однос на оваа територија ја користиле најмногу од економски интерес, според кое се смета дека сепак овие народи ја познавале многу добро Иберија, како по нејзиното крајбрежје така и во нејзината внатрешност.
За овој период од историјата на Иберија се знае дека во текот на I век, кралот Мавретанијан Јуба II имал огромна библиотека која содржала текстови и книги од Фенекија, и дека еврејскиот географ Марино од Тир поседувал материјали од таму кои му помогнале да ја состави картата на тогашниот познат свет. Но, ниту Грците ниту Римјаните не обраќале големо внимание на овие документи, така што голем дел од нив се исчезнати.
Во античко време, терминот Иберија немал географска, туку етничка основа. Познато е дека Ибериските племиња во VI век п.н.е. живееле во околината на Монпелие, и дека во V век п.н.е., Есхил пишувал за “Рона тече покрај Иберија“.
Хиспанија
thumb|300px|Римски мост во Кордоба Хиспанија е име кое Римјаните го користиле за наименување на Пиринејскиот Полуостров. Римското освојување на полуостровот траело вкупно два века. Освојувањето на полуостровот било исполнето со крвави битки. По освојувањето на Хиспанија од страна на Римското Царство, процесот на романизација на тамошните народи се одвивало без поголеми проблеми. Рим продонел од една страна многу за развивањето на полуостровот. Процесот на романизација започнал уште со победата на Римјаните над Картагина во Втората Пунска војна. Еден од најзначајните моменти на процесот на романизација на Хиспанија се случил во времето на императорот Веспазијан, кој доделил граѓанско право на хиспанските градови во 74 година, овозможувајќи им да добијат статус на римска општина. Тој статус им овозможил на Трајан и неговиот наследник Адријан, кои биле родени во Хиспанија, да станат римски императори.
Со доаѓањето на римјаните на Пиринејскиот Полуостров, тие главно се населувале или во постоечките градови или основале нови. Едни од најпознатите градови кои биле создадени во тоа време се: Таракон (лат. Tarraco), денешна Тарагона, Италика (лат. Italica), град во покраината Севиља, Емерита Августа (лат. Emerita Augusta), денешна Мерида.
Спанија
thumb|Територијата на византиската покраина Спанија Свевите, 406 година, тие во сојуз со Вандалите и Аланите ја преминале реката Рајна и ја зазеле Галисија. Во 466 година го примаат Аријанството, а од 560 година се католици. Кралството Галисија било основано во 410 година од страна на германското племе Шваби, кои стекнале независност од Западното Римско Царство на територијата на римските провинции Галисија и Северна Лузитанија. Во 585 година, кралството на Швабите било претпено односно присоединето кон кралството на Визиготите. Визиготското кралство пак опстојувало до 701 година, а неговите територии влегле во составот на Кралство Астурија.
Во меѓу време од страна на Византија на овие простори била создадена покраината Спанија во периодот од 552 година до 624 година. Ги опфаќала териториите на јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров и Балеарските Острови. Територијата била освоена од страна на Јустинијан I.
Визиготска Хиспанија
thumb|right|Полуостровот во 700 Визиготска Хиспанија е назив за територијата на Пиринејскиот Полуостров во времето кога бил владеен од страна на Визиготите. Овој период го опфаќа времето од Битката кај Вујеа во 507 година до Битката кај Гвадалета во 711 година. До 507 година, Визиготското Кралство, со центар Тулуза, ги контролирал Аквитанија, Нарбонска Галија и голем дел од Хиспанија. По поразот на Визиготите од страна на Франките во 507 година, и смртта на визиготскиот крал, Визиготите неговиот наследник Амаларих го одвеле во Хиспанија. Нивниот центар најпрво се наоѓал во Барселона, а потоа во Толедо.
Од 511 година до 526 година, Визиготите биле во сојуз со Остроготите, на чие чело се наоѓал Теодорих Велики. Во текот на VI век дошло до војна околу престолот помеѓу Визиготите и источноримскиот цар Јустинијан I со неговиот претендент Атанагилда. Во војната, Византија победила, а Византијците немале намера да се повлечат и го зазеле југоисточниот дел од полуостровот каде се задржиле до 754 година. Овде тие ја создале и покраината Спанија.
Подоцна, на овие простори се појавил нов непријател, муслиманите кои во 711 година го зазеле скоро целиот полуостров, уништувајќи го целосно Кралството на Визиготите.
ел-Андалус
ел-Андалус е арапското име за деловите од Пиринејскиот Полуостров кои биле под власта на муслиманите односно под Маврите во периодот од 711 година до 1492 година. Од 711 година, територијата на денешна Шпанија и Португалија била завладеана од страна на народ кој оставил големо културно значење на овие простори. Сепак, владеењето на Маврите се одликувало со голема толеранција кон местното население. По создавање на Кралство Кастиља и Кралство Арагон, започнал процесот на постепено прогонување на муслиманскиот свет од полуостровот, и повторно завладување на овие простори од страна на христијанското население. Овој процес исто така е познат ѝ како Реконквиста. Арапите во текот на XIII век и XIV век започнале да се повлекуваат кон Гранада. Целосното исцрпување од островот завршило во 1492 година, по кое била создадена нова европска велесила, Шпанија.
Реконквиста
Реконквиста претставува период на протерување на арапските Маври од Пиринејскиот Полуостров од страна на христијанското население во Шпанија и Португалија. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години.
Во времето кога Маврите навлегле на полуостровот, малобројното визиготско население се повлекло кон планинските предели на Астурија и Кантабрија, каде подоцна го основале Кралството Астурија. Карло Велики основал т.н. Шпанска марка која претставувала погранична зона и нејзината цел била да го сопре напредувњето на Арапите кон внатрешноста на Европа.
Битката кај Ковандога, која се одиграла во 720 година го означила почетокот на Реконквистата. По битката, Дон Пелајо бил прогласен за крал на Визиготите. По неговата смрт во 737 година, неговиот наследник Алфонсо I повторно покренал подход кон Маврите, напредувајќи кон Ла Риоха и реката Дуеро.
Во текот на X век, христијанските кралства само ја шириле својата територија на сметка на Маврите. Астурските кралеви Ордоњо I и Алфонсо III Астурски ја потврдувале својата позиција покрај граицата со Арапите. Во 913 година било создадено Кралство Леон, време кога кралевите на Астурија ја преместиле престолнината од Овиедо во Леон. Кастиља благодарение на Фернан Гонсалес кој ја искористил смртта на Рамир II, успеала да ги утврди своите граници и да стане независна. Кастиља настанала на самата граница на Кралство Астурија. Територеијата била населена од Баскијци. До XIII век, Леон и Кастиља на повеќепати биле соединувани и повторно разделувани. Конечно, во 1230 година дошло до последно обединување на Кастиља и Леон, кога Фернандо III од Кастиља го наследил Кралството Кастиља во 1217 година, а во 1230 година го наследува Леон од својот татко Алфонсо IX.