Германија е држава која се наоѓа во Средна и делумно во Западна Европа.
Граници
Вкупната површина на земјата изнесува , и според тоа се наоѓа на 61 место по големина во светот. Таа граничи на север со Северно Море, Данска, и Балтичко Море, на исток со Полска и Чешка, на југ со Австрија и Швајцарија, и на запад со Франција, Луксембург, Белгија и Холандија.
Главниот град Берлин е најголемиот во државата со околу 4.000.000 жители.
Население Според проценките од 2014 г., Германија брои околу 81.083.600 жители. Густината на населеноста е 226 жители на квадратен километар.
Клима
Климата во Германија е умерена со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими. Низ неа поминуваат реките Рајна, Дунав и Елба. Германија, всушност, е сместена на крстосниците на европските трговски и културни патишта.
Површина Германија е сместена во Западна и Средна Европа, и се граничи со Данска на север, Полска и Чешка на исток, Австрија и Швајцарија на југ, Франција и Луксембург на југозапад, и Белгија и Холандија на северозапад. Се протега претежно помеѓу 47° и 55° СГШ (крајот на Зилт) и 5° и 16° ИГД. Територијата зафаќа површина од , од кои се копно и вода. Со ова е седма земја по големина во Европа и 63-та во светот.
Крајни точки
најсеверна точка: Лист, Зилт, Шлезвиг-Холштајн најсеверна точка во континентална Германија: Авентофт, Шлезвиг-Холштајн најјужна точка: Халденвангер Ек, Оберстдорф, Баварија најзападна точка: Изенбрух, Зелфкант, Северна Рајна-Вестфалија најисточна точка: Дешка, Најсеауе, Саксонија најниска точка (природна): Нојендорф-Заксенбанде, Вилстермарш, Шлезвиг-Холштајн под морското ниво највисока точка: Цугшпице (на Баварските Алпи, , Гармиш-Партенкирхен / Грајнау, Баварија
Поморски поседи Континентален праг: длабочина од , или длабочината на испитување Исклучива економска зона: 200 М (). Територијални води: 12 М ()
Поврзано Административна поделба на Германија Демографија на Германија Историја на Германија
Наводи
Надворешни врски
Карти на Германија — Сојузна служба за картографија и геодезија Климатски атлас на Германија