Тур де Франс или Трка околу Франција () — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Франција, но може да се случи да поминува и низ соседните земји. Трката била првпат организирани во 1903 за зголемување на продажбата на списанието L'Auto; моментално е водена од Amaury Sport Organisation. Трката била одржувана секоја година по нејзиното прво издание во 1903, освен кога била попречена поради двете Светски војни. Како трката добивала на значајност, станувала сè попопуларна и нејзината слава започнала да се шири низ целиот свет. Првично учествувале само француски возачи, но со зголемувањето на популарност тоа се променило и сега учествуваат возачи од целиот свет секоја година. Тур де Франс е дел од Светска турнеја, што значи дека екипите кои се натпреваруваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.

Заедно со Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, Тур ги сочинува трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур. Традиционално, трката обично се одржува во јули. Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на два хронометра, премин низ планинските масиви на Пиринеите и Алпите и завршницата на Шанзелизе. Поновите изданија на Тур де Франс се состоијат од 21 ден возење (етапи) во период од 23 дена.

Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната жолта маичка. Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување со надежи за генералниот пласман, пласманот за млад возач за возачи под возраст од 26 години и екипниот пласман за најбрзите екипи. Трката во 2018 била освоена од Британецот Герајнт Томас, прв велшки и трет британски победник во историјата на Тур де Франс.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Минати победници на Тур и нивните велосипеди

Категорија:Велосипедски трки во Франција Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI