За други значења на поимот „Парагвај“ видете ја страницата за појаснување.
Парагвај (шпански: Paraguay, гварански: Paraguái), или официјално Република Парагвај (República del Paraguay,Tetã Paraguái), е независна држава во Јужна Америка без излез на море. Парагвај се граничи со Аргентина на југ и југозапад, со Бразил на исток и североисток и со Боливија на северозапад. Парагвај се наоѓа на бреговите на реката Парагвај, со своите притоки, и таа поминува низ земјата при што ја дели на два дела. Поради својата централна местоположба во Јужна Америка, Парагвај често се нарекубва „Срцето на Америка“ (Corazón de América).
Гвараните живееле на територијата на Парагвај долго време пред доаѓањето на Европејците во 16 век. Во 16 век територијата која денес е Парагвај била во склоп на Шпанската колонијална империја. Парагвај се стекнал со независност од Шпанија во 1811 година и државата била управувана од неколку диктатори кои имале изолирачки и заштитнички политики. Ваквата состојна кулминирала за време на Парагвајската војна кога државата изгубила 60 до 70% од вкупното население и голем дел од територијата. Во поголем дел од 20 век Парагвај бил под владеење на Алфредо Стреснер, чие владеење претставува едно од најдолгите воени диктаторства во Јужна Америка.
Парагвај има население од 6.3 милиони жители според проценките од 2009 година. Главен град на државата е Асунсион, кој е и најголем град во Парагвај. Службени јазици во Парагвај се шпанскиот и гаваранскиот. Двата јазика се зборувани од над 90% од населението.
Иако сè уште се смета за еден од најсиромашните и најслабо развиените држави, во 2010 година економијата на Парагвај забележала пораст од 14.5%, што е најголема економска експанзија во Јужна Америка и трета најбрзо растечка економија во светот, зад Катар и Сингапур.CIA <<GDP - Real Growth Rate >> Accessed on 19 September 2011. Според податоците за 2011 година, екомонскиот развој на земјата бил 6.4%.
Потекло на поимот Името на државата е според реката Парагвај која тече низ средината на земјата, од север кон југ. Има најмалку четири теории за потеклото на името на земјата.
Историја
Периодот пред колонизацијата, населението било полуномадско со богата плодна земја и богати шуми. Европејците за првпат дошле во тој регион во раниот 16 век, и Асунсион бил основан на 15 август 1537 година од шпанскиот истражувач Хуан де Салазар и Еспиноза. Градот станал центар на колонијалната покраина и центар на језуитските мисии во Јужна Америка во XVIII век. Парагвај прогласил независност откако ја отфрлил шпанската власт на 14 мај 1811.
Историјата на Парагвај е окарактеризирана со долги периоди на комунистички влади, политичка нестабилност и војни со околните држави.
Парагвај се борел во „Војната на Трите Алијанси“ против Бразил, Аргентина и Уругвај и бил поразен во 1870 по петгодишна крвава војна во Јужна Америка. Парагвај изгубил огромен број на население. Историчарот Вилијам Д. Рубинстајн проценил дека пред почетокот на војната, населението броело помеѓу 450 и 900 илјади луѓе, од кој преживеале само 220 илјади, меѓу кои било само 28 илјади возрасни мажи. Покрај загубата на население, Парагвај загубил и голем дел на својата територија.
Група на парагвајски дисиденти, сместени во Буенос Аирес, го окарактеризирала Франциско Лопес како лудиот тиранин и се бореле на страната на Тројниот сојуз. Оваа група во 1869 година, под бразилско покровителство, воспоставила привремена влада и наредната година потпишала мировен договор, со кој на Парагвај му се гарантирала независност и слободна пловидба на реките. Истата година бил донесен и нов устав.
Уништен од војната, Парагвај бил на работ на распад во 1870 година. После војната парагвајското население претежно селско, продолжило да живее како што живееле и векови наназад. Окупацијата на Парагвај траеала до 1876 година. Без обзир што веќе биле повлечени трупите на Бразил и Аргентина, тие сѐ уште имале големо влијание во Парагвај поддржавајќи две спротивставените политички опции, колорадоси и либерали. Народен републикански сојуз – партија колорадо, владеела со Парагвај од крајот на осамдесетите години на 19-от век до 1904 година кога на власт биле сменети од страна на либералите. Либералите биле под аргентинско влијание па од нивното доаѓање на власт, влијанието на Бразил на политичката сцена на Парагвај било намелено. Парагвај претрпел загуба на територија на сметка на Бразил и Аргентина. Војната за Чако се водела со Боливија во 1930-те и Боливија била поразена. Парагвај повторно прогласил независност во регионот Чако и се здобил со територијално проширување.
Географија и клима
thumb|150px|left|Карта на Парагвај
Парагвај е поделен со реката Парагвај во источниот дел од земјата, официјално наречен „Источен Парагвај“ или познат како Паранења и западниот регион, официјално наречен „Западен Парагвај“ или познат како Чако.
Југоисточната граница е формирана од реката Парана. Моментално е најголем центар за енергија во светот, создавајќи електрична енергија за цел Парагвај. Бидејќи пола од изворот на енергија е во сопственост на Парагвај и пола на Бразил, Парагвај има право да користи пола од капацитетот. Климата во Парагвај е тропска со врнежи во шумскиот дел.
Политички систем
right|thumb|Асунсион, главниот град. Парагвај е претставничка демократска република, каде претседателот е на чело на државата и на владата и е повеќепартиски систем. Извршната власт е во рацете на владата. Законодавната власт е поделена на влада и на два оддела од Националниот Конгрес. Судската власт е независна.
Административна поделба
Парагвај е поделен на седумнаесет департменти и еден главен округ. Подолу следат департментите во Парагвај:
Алто Парагвај Алто Парана Амамбај Бокерон Гваира Дистрито Капитал Итапуа Кагвазу Казапа Каниндеју Консепсион Кордиљера Мисионес Њембуку Парагвари Пресиденте Ајес Сан Педро Централен
Департментите се поделени на 129 окрузи.
Стопанство
Парагвај е земја во развој со индекс за развој од 0.755/ Таа е рангирана како втора најсиромашна земја во Јужна Америка со БНП по глава на жител од 4.000 американски долари. Околу 2.1 милион или 35% од неговото население е сиромашно и околу 1 милион луѓе, или околу 15.9% од населението се невразботени. Како и да е, Асунсион е рангиран како најевтин град во кој се живее.
Демографија
Население thumb|right|upright|Гваранско девојче. Според ЦИА, Парагвај има население од околу 6.669.086 жители. 95% од населението на Парагвај се од мешан карактер, односно мешани луѓе од староседелци со Европејци и 5% од населението се останати. Јазикот гварани го разбираат околу 90% од населението а додека шпанскиот го разбираат околу 75% од населението. Овие два јазика се официјални во Парагвај. Покрај овие, во Парагвај живее и население од европско потекло, европски доселеници и население од околните држави. Најголемо малцинство во Парагвај се бразилците а покрај нив има и околу 63.000 жители од африканско потекло, или 1% од населението.
Околу 56 % од населението на Парагвај живее во урбаните средини. Поголемиот дел живее во Источен Парагвај, околу главниот град.
Социјални проблеми Парагвај е сиромашна земја и со социјална нееднаквост. Според различни статистички податоци, помеѓу 30% до 50 % од населението е сиромашно. Во руралните области 41.20% од луѓето примаат недоволни финансиски средства за да ги покријат основните потреби, а додека во урбаните таа бројка се движи околу 27.6%. Околу 10% од населението поседуваат околу 43.8% од националниот приход, а најсиромашните околу 0.5%. 10% од населението контролира 66% од земјата, додека 30% од руралното население е без земја. Оваа нееднаквост создава големи тензии во рамките на земјата.
Јазик Јазикот гварани го разбира околу 90% од населението а додека шпанскиот го разбираат околу 75% од населението. Овие два јазика се официјални во Парагвај.
Религија Според пописот од 2002, 89.9% од населението на Парагвај се католици, 6.2 % се евангелисти, 1.1 % останати христијани, 0.6% се со локални религии и 0.3% се други нехристијани.
Наводи
Дополнителни информации Abdou, Selim The Jesuit Republic of the Guaranis 1609-1768, 1997 Aren, Richard Genocide in Paraguay, 1976 Attenborough, David Zoo Quest in Paraguay, 1950 Barret, William E. Woman on Horseback: the Biography of Francisco Lopez and Eliza Lynch, 1938 Brodksy, Alvin Madame Lynch and Friend, 2075 Carver, Robert Paradise With Serpents: Travels in the Lost World of Paraguay, 2007 Cunnighame-Graham, Robert Bontine A Vanished Arcadia: Being Some Account of the Jesuits in Paraguay, 1607 to 1767 Durrell, Gerald The Drunken Forest, 1956 Gimlette, John At the Tomb of the Inflatable Pig: Travels Through Paraguay, 2003 Kerr, John A Naturalist in the Chaco, 1950 Lewis, Paul Paraguay Under Stoessner, 1980 Macintyre, Ben Forgotten Fatherland: The Search for Elizabeth Nietzsche, 1993 Meyer, Gordon The River and the People, 1965 Rees, Sián The Shadow of Elisa Lynch, 2003 Souter, Gavin A Peculiar People: the Australians in Paraguay, 1968 Whitehead, Anne Paradise Mislaid: In Search of the Australian Tribe of Paraguay, 1997
Поврзано
Асунсион Гварански јазик Парагвајци Гран Чако
Надворешни врски
Влада Шефот на државата и кабинетот Национален департмент за туризам Министерство за Финансии
Општи информации Парагвај на Енциклопедија Британика
Парагвај на UCB Libraries GovPubs
Медиум ABC Color Última Hora La Nación
Патување Биро за посетители Туризам во Парагвај
Категорија:Парагвај Категорија:Држави во Јужна Америка Категорија:Републики Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Држави и територии настанати во 1811 година