thumb|240px|Карта на Чешка
Чешка географски се наоѓа во Средна Европа.
Граници
Вкупната површина на земјата изнесува 78.866 км2, и според тоа се наоѓа на 117 место по големина во светот. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ, и Словачка на исток.
Главниот град Прага е најголемиот во државата со 1,384,732 жители.
Население Според пописот, вкупното население на Чешка е 10,900,555 жители. Густината на населеноста е 132 жит/км2.
Клима
Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C.
Суперлативи најдолга река: Елба (Лаба) највисока планина: Сњежка (1.602 м) Наводи
pt:República Checa#Geografia