Мексико, официјално Обединети Мексикански Држави (ацтечки: Mexika Sentik Wexteyowalko ) — федеративна уставна република во Северна Америка. Државата на север се граничи со САД, на југ и на запад излегува на Тихиот Океан, на југоистокот се граничи со Гватемала, Белиз и Карипското Море, а на истокот излегува на Мексиканскиот ЗаливMerriam-Webster's Geographical Dictionary, 3rd ed. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc.; p. 733. Мексико се простира на површина од 2 милиони км2 ( повеќе од 760.000 милји ) со што е петта држава по големина во Америка според вкупната површина и 14-тата најголема независна нација во светот. Со популација од 111 милиони граѓани го зазема 11-тото место според густината на населението во светот а тоа ја прави и најпопуларна Хиспанофонска држава. Мексико е федерација составена од 31 сојузна држава и еден федерален округ — престолнината Град Мексико.

Во Преткокумбовска Мезоамерика (територијата на којашто денес се простира Мексиско) многу од тамошните култури прераснале во напредни цивилизации како што се: Олмеците, Толтеците, Теотиваканите, Запотеците, Маите и Ацтеките пред нивниот контакт со Европејците. Во 1521 година, Шпанија ја освоила и ја колонизирала територијата во Теночтитлан, којашто била сметана за Поткралство Нова Шпанија. Подоцна, истата територија била преименувана во Мексико веднаш по признавањето на независноста во 1821 година. Периодот по прогласувањето на независноста бил окарактеризиран со економска нестабилност, Мексиканско-американската војна, Обединетите Држави отстапиле дел од територијата на Мексико, потоа со, Граѓанската војна, со две кралства и една домашна диктатура. Домашната диктатура кулминирала со Мексиканската револуција во 1910 година, а потоа и со продолжување на Уставот од 1917 година и откривање на тогашниот политички систем во државата. На изборите во 2000 година за првпат претседателството од Институционално-револуционерната партија го освои опозициската партија.

Мексико е еден од најголемите економски и регионални сили, од 1994 година е првата членка од Латинска Америка во Организацијата за економска соработка и развој(ОЕСР), и полека но сигурно го покачува приходот во државата . Мексико се смета за една од новите индустријализирани држави со големи потенцијали. Го зазема тринаесеттото место според најголемиот номинален БДП и единаесеттото место според најголемиот паритет на куповна моќ. Економијата е цврсто поврзана со партнерите на Северноамериканската зона на слободна трговија (НАФТА), а особено со Обединетите НацииMexico (05/09). US Department of State. Accessed on:2009-11-25CRS Report for Congress. Congressional Research Service. 2008-11-04. Мексико се рангира на петтото место во светот и на првото место во Америка во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО со 31 локација, а во 2007 година беше на 10-тото место според списокот на најпосетени држави со 21,4 милиони меѓународни посети.

Потекло на поимот

thumb|left|Слика од Мексико-Теночтитлан од Кодекс Мендоса Кога Нова Шпанија извојувала независност од Шпанија било одлучено новата држава да биде именувана по нејзиниот главен град Град Мексико, којшто бил основан во 1524 година на местото на Мексико-Теночтитлан, некогашниот главен град на Ацтеките. Името потекнува од јазикот нахуати, меѓутоа неговото значење не е познато.

Ацтеките го користеле терминот Анахуак за да ја означат територијата којшто им припаѓала; се мисли на царството како целина, вклучувајќи ги и луѓето од племињата. Како таков, овој термин бил предложен за име на новата држава пред прогласувањето на неговата независност, како на пример во, Конгресот на Анахуанците, другото име за Конгресот на Чилипачинго¿Puede ser libre la Nueva España? C.f. Congress of Anáhuac, a.k.a. the Congress of Chilpancingo..

Всушност Мексико бил нахуатски термин за средишниот дел од територијата на Царството на Ацтеките. Имено, терминот се однесувал на Мексиканската Долина, мексиканците и соседните територии коишто по прогласувањето на независноста од Нова Шпанија станале Мексиканска држава. Се смета дека овој термин е топоним за долината којашто настанала од примарниот етноним за Ацтечката тројна алијанса, или пак обратно. Исто така постои мислење дека името потекнува од Mextli, тајното име на богот на војната и патронот на Ацтеките, Huitzilopochtli, со што значењето на името Мексико е следното ’Место на коешто живеат Мештлите’.

Постои хипитеза која ни укажува на тоа дека зборот Мексико потекнува од зборот ‘mētztli’ (месечина), xictli (‘папок’,’центар’ и ‘син’), и наставката –co(место), со што го добиваме следното значење’Место во центарот на месечината’ или ‘Место во центарот на езерото Месечина’ (се мисли на езерото Текскоко). Систем на меѓусебно поврзани езера, во коишто Текскоко бил во центарот и имал форма на зајак( Ацтеките сметале дека месечината е во форма на зајак. Теночтитлан се наоѓал во центарот(или папокот) на езерото(или зајакот/месечината) . Сепак постојат и многу други хипотези според кои името потекнува од Mectli, божицата на магијата.

Името на градот-држава бил транслитериран на шпанскиот јазик како México со фонетската вредност на X на средновековен шпански јазик, т.т. со безвучен посталвеоларен фрикатив/∫/. Тој звучи исто како и звучниот посталвеоларен фрикатив/z/, претставен со j, создаден со безвучниот веларен фрикатив/x/ во текот на шеснаесеттиот век. Ова довело до употреба на варијантата Méjico во многу публикации на шпански јазик, најповеќе во Шпанија, додека пак во Мексико и во другите шпански подрачја Мексико го спелувале со X (México).Во последните неколку години Шпанската Кралска Академија, којашто го регулира шпанскиот јазик, утврди дека и двете варијанти се прифатливи во шпанскиот јазик, но сепак повеќе се препорачува употребата на México. Повеќето публикации во шпанските подрачја се прпдржуваат на новата норма, иако во одредени случаи се користи алтернативната варијанта со ј (Méjico). Во англискиот јазик буквата x во México ја претставува согласната група/ks/.

Официјалното име на државата се менувало заедно со формата на нивната Влада. Во периодот од 1821- 1823 година и 1863-1867 година државата била позната како Мексиканска Империја (Imperio Mexicano). Сите три федерални устави(1824, 1857 и 1917 година и сегашниот устав) го употребувале името Обединети Мексикански Држави (Estados Unidos Mexicanos). Терминот Република Мексико бил употребуван во Уставното право во 1836 годинаLeyes Constitucionales de 1836 . Cervantes Virtual.

Историја

thumb|left|Археолошки места во Chichén-Itzá, едно од Новите седум светски чуда

Древни култури Најраните човечки остатоци во Мексико се делови од камени алатки пронајдени околу логорските огништа во Мексиканската Долина и радиојаглерод кој датира од пред 21.000 година п.н.е. Пред околу 9.000 години, древните мештани почнале да садат житни култури и ја започнале ‘земјоделската револуција’. Со текот на годините се развиле многу културно богати цивилизации. Помеѓу 1.800 и 300 години п.н.е., многу од претколумоовските мезоамеирнакси цивилизации како што се: Олмеците, Теотиваканците, Маите, Запотеците, Толтеците и Ацтеките, ја развиле својата култура околу 4.000 години пред нивниот прв контакт со Европејците.

На овие цивилизации им се препишуваат многу откритија како што се: архитектура (пирамидални храмови), математика, астрономија, медицина и теологија. Ацтеките биле познати по тоа што ги жртвувале луѓето за да ги задоволат боговитеThe Enigma of Aztec Sacrifice. Michael Harner. Natural History, April 1977 Vol. 86, No. 4, pages 46–51. Во екот на својот развој Теотиваканите имале едни од најголемите пирамидални изградби во Преткокумбовската Мезоамерика а бројот на нивната популација изнесувал повеќе од 150.000 луѓе"Mexico Pyramid Holds Headless Bodies". Rossella Lorenzi, Discovery News. Според направените проценки, популацијата пред Шпанското освојување изнесувала помеѓу 6 до 25 милиони луѓе'Ebola' bug wiped out the Aztecs. The Observer. September 3, 2006The population of Mexico from origins to revolution. Department of History: University of Minnesota.

За време на Шпанската окупација, Теотиваканите не биле окупирани долго време иако нивното место на живеење било многу добро познато. Популацијата на Ацтечкото Царство и нивните претходници била сместена кај езерото Текскоко, коешто се наоѓа во Мексиканската Долина и каде што бил основан островскиот град Теночтитлан во 1325 година.

Нова Шпанија thumb|upright|Мигел Идалго и Костиља "Таткото на Мексико" Во почетокот на 16-от век, Ацтечката цивилизација ја нападнале и освоиле шпанците предводени од Ернан Кортес. Шпанските освојувачи ненамерно ја рашириле вариолата којашто ја пустошела Мезоамерика во 1520-тите години, убивајќи милиони АцтекиEmerging Infections: Microbial Threats to Health in the United States (1992). Institute of Medicine (IOM) заедно со императорот на којшто му била припишана победата на Ернан Кортес над Ацтечкото Царство. Територијата станала дел од Шпанската Империја и била именувана Нова Шпанија. Кортес повторно го изградил Град Мексико по опсадата на Теночтитлан во 1521 година. Голем дел од идентитетот, традицијата и архитектурата на Мексико била создадена во текот на колонијалниот период.

Независност На 16 септември 1810 година, свештеникот Мигел Идалго и Костиља ја декларираше независноста од Шпанија во малото гратче Долорес, Гванахуато. Првата бунтовничка група ја формирал Идалго, [апетан на шпанската поткралска армија Игнасио Алјенде, капетанот на полицијата Хуан Алдама и ‘Судијката’ Хосефа Ортез де Домингез. Идалго и некои од неговите војници биле фатени и погубени од стрелачкиот одред во Чинахуаха на 31 јули 1811 година. По неговата смрт, водството го преземал свештеникот Хосе Марија Морелос, којшто ги окупирал клучните јужни градови.

Во 1813 година бил свикан Конгрес во Чилипачинго а на 6 ноември свечено била потпишана Декларација на независноста од Северна Америка. Морелос бил фатен и погубен на 22 декември 1815 година. Во следните години, востанието било пред пораз, но во 1820 година поткралот Хуан Руиз де Аподача испратил армија на чело со креолинскиот генерал Августин де Итурбиде наспроти трупите на Винсенте Гереро. Наместо тоа, Итурбиде му се придружил на Гереро и тие ги здружиле силите, и во 1821 година претставниците на Шпанската Круна и Итрибуде го потпишал ‘Договорот од Кордоба’ и ‘Декларацијата за независност на Мексиканската Империја’, со којашто била признаена независноста на Мексико само под условите од ‘Игуалскиот план’.

thumb|left|upright|Претседателот Бенито Хуарез, се спротивставил на Француската окупација, распаѓањето на Империјата, повторно ја воспоставил Републиката и ja објавил поделбата на Црквата и Државата. Августин де Итрибуде веднаш се прогласил себеси за владетел на Првото Мексиканско Царство. Поради големиот револт кон него во 1823 година биле прогласени Обединетите Мексикански Држави. Во 1824 година, била изработена Републиканскиот Устав и Гвадалупе Викторија станал првиот претседател на новородената држава. Првите неколку декади од периодот по независноста биле одбележани со економска нестабилност којашто довела до ‘Војната на ‘тестото’ ’ (Guerra de los pasteles) во 1836 година, и постојани расправии помеѓу либералите (поддржувачите на федералната форма на владеење) и конзервативците(коишто предлагале хиерархиска форма на владеење).

Генералот Антонио Лопес де Санта Ана, централист и ‘двократниот’ диктатор ги одобрил Седумте Права во 1836 година, со коишто била институцијализирана централната форма на владеење. Кога тој го забранил Уставот од 1824 година започнала Граѓанската војна и дури триВлади декларирале независност: Република Тексас, Република Рио Гранде и Република Јакатан.