мини|десно|170п|Корасон Акино во 1986 Марија Корасон Кохуангко Акино, позната како Кори Акино (шпански:María Corazón Cojuangco-Aquino) (родена на 25 јануари 1933 во Паники, Тарлак, Филипини - почина на 1 август 2009 во Макати, Филипини) ― 11. претседател на Филипини (1986-1992) и позната бранителка на демнократијата, мирот, женската еманципација во власта и религиозниот пиетет. Таа била првата жена претседател во Азија (не сметајќи ја Сун Цинлин, која била в.д. претседател на Кина).
Акино, себеси се сметала за „скромна домаќинка“. Била мажена за сенаторот Бенињо Акино, кој бил водечка фигура на страна на опозицијата против автократското владеење на Фердинанд Маркос. Откако нејзиниот сопруг бил ѕбиен во атентат, извршен по неговото враќање од прогонство во САД на 21 август 1983, Акино, која немала политичко искуство, станала клучната фигура во обединувањето на опозицијата против претседателот Маркос. Во 1986, Акино се соочила на претседателските избори со претседателот Маркос, на кои Маркос објавил победа. Но поради гласините за изборни неправилности, со мирот по Жолтата револуција, Акино била назначена за претседател.
Наводи
Надворешни врски
Службено мрежно место на Коразон Акино – одржувано од Фондацијата Бенињо С. Акино помладиот President Cory's historic speech before the U.S. Congress Malacañang Museum Official Biography Prayers for Tita Cory Prayers - prayforcory.com NYTimes obituary
Категорија:Филипински политичари Категорија:Претседатели на Филипините Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Родени во 1933 година