Владимир Панков — претседател на здружението Радко во Македонија.
Животопис Панков е роден како Владимир Паунковски во Охрид, Македонија. По образование е економист. По распадот на СФР Југославија во 1993 година се обидува да создаде во Република Македонија организација на Бугарите , под името ВМРО, но уставот не е регистриран во судот. На 30 јули 1996 година станува бугарски граѓанин. Потоа го менува презимето во Панков. Во ноември 1996 година, органите на власта во Македонија му го одземаат бугарскиот пасош. По неколку притворања, штрајк со глад и интервенцијата на бугарските органи на власта, пасошот му е вратен. Една година престојува во Бугарија, подоцна во 1998 година се враќа во Македонија.„Обществото в България не е готово за по-голямо сближаване с Р Македония“, интервю на Панков за вестник „Македония“, брой 47, 23 декември 1997 г.
Во 2000 година станува претседател на Здружение Радко, кое во 2001 година е прогласено за противоуставно. Во јануари 2008 година, „Радко“ го добива делото во Судот за правата на човекот во Стразбур против Република Македонија.Телевизија А1, Македонија го загуби спорот со бугарофилите од „РАДКО“, 15. 01. 2009.Утрински весник, „Македонија го загуби спорот со „Радко“ во Стразбур“ , број 2888, петок, 16 јануари 2009.Сайт на Европейския съд за правата на човека, присъда по делото CASE OF ASSOCIATION OF CITIZENS RADKO & PAUNKOVSKI v. THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA (Application no. 74651/01) од 15 јануари 2009.
Панков е автор на книгата „Историската вистина за културниот идентитет на словенското население во Република Македонија“ (), издадена во 2004 година.
Панков умрел на 5 јануари 2019 година.Почина големият родолюбец от Охрид Владимир Панков
Наводи
Категорија:Бугарофили Категорија:Македонски Бугари Категорија:Починати во Охрид Категорија:Бугаромани Категорија:Македонски општественици