Стојче Балкански (Струмица, - , Струмица) — македонски поет и романописец.
Животопис Стојче Балкански е роден во Струмица на година. Завршил Филолошки факултет. Тој бил вработен во Собранието на Општина Струмица. Тој станал член на ДПМ во 1994 година. Автор е на книгите: Бранување на крвта (поезија, 1973), Исповед на крвта (поезија, 1982), Крвави камбани (поезија, 1984), Безмежен сон (поезија, 1992), Дослед и непокор (поезија, 1992), Проколната долина (роман, 1992), Жаровни бездни (поезија, 1994), Расплакана долина (поезија, 1995), Бессонија и лузни (поезија, 1996), Лузнево доба (роман, 1996).Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 36. Починал на 5 мај 2008 година, во Струмица.
Наводи
Категорија:Писатели од Струмица Категорија:Починати во Струмица Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски романописци Категорија:Југословенски поети Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“