Димитар Димитров (роден во Цакони, Воденско, Егејска Македонија на ) — македонски поет, есеист, критичар, преведувач од турски, писател за деца, политичар и дипломат.

Животопис

Димитар Димитров е роден на 13 ноември 1937 година во Цакони, Воденско, Егејска Македонија.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, с. 466. Во времето на Грчката граѓанска војна неговото семејство побегнало во НР Македонија. Во Скопје го завршил средното образование и завршил Филозофски факултет. Во Љубљана, тој завршил магистерски степен, додека во Загреб завршил докторат со титула доктор по филозофски науки. Во текот на својата кариера, Димитров бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, амбасадор на Република Македонија во Руската федерација, а од 1970 година станал член ДПМ.

Во првата експертска влада Димитров ја извршувал функцијата Министер за образование и наука, и тоа во периодот од 20 март 1991 до 4 септември 1992 година. Во периодот од 30 ноември 1998 до 28 декември 1999 година ја извршувал функцијата Министер за култура, во владата на Љубчо Георгиевски.Тито Петковски. Дипломатија без дипломати, Утрински весник, 16 октомври 2006.

Творештво

Автор е на книгите: Овчарче (раскази за деца, 1960), Збогум детство (раскази за деца, 1960), Кога сме деца (раскази за деца, 1962), Животот и уметноста (студија, 1967), Противставување (есеи, 1971), Македонски работи (есеи, 1991), Уметност и човекување (есеи, 1992), Меѓу тоталитаризам и демократија (есеи, 1994), Името и умот (есеи, 1999).

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Луѓе од Цакони (Воденско) Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1991 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Министри за култура на Република Македонија Категорија:Амбасадори на Македонија во Русија Категорија:Деца бегалци Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје