Славе Ѓорѓо Димоски — македонски поет, есеист и преведувач .Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 73.

Животопис Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18 март 1959 во селото Велестово, Охридско. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот Поетска ноќ во Велестово која традиционално е организирана секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски, руски, српски, латвиски и други).Песни на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски објавени во престижното списание „Поетска планета“Поезија на Славе Ѓорго Димоски објавена во меѓународна публикација во ЛатвијаПрепеви од поетот Ѓорго - Димоски објавени во индиско списание

Библиографија Гравири (1979) Проект (1982) Студен порив (1985) Последните ракописи (1988) Спореден пат (1991) Предмети и аргументи (1994) Форми на страста (1998 и 1999) Темно место (1999) Мерач на зборовите (2007) Хаику на разгледници (2015) Јазичен триптихон (2015) Извештаи на рисот (2016) Кумова слама (2018) Јазик и леб (2019) Денес (2024) Грозје од кукавица (2024)

Книги за деца

Алиса (1989) Кристален сон (1990) Збороигри (1991) Стихотека (2000) Збороигри 2 (2017) А треба да кажам (2019)

Книги есеи

Амадео Модилјани (2000) Шише во море, книга прва (2004) Шише во море, книга втора (2011) Пат покрај патот (2021)

Составувач е и косоставувач на повеќе антологии.

Објавени му се повеќе избори, а дваесет книги му се преведени на повеќе јазици.

На 25 јули 2014 година, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид, по повод 35 годишнината од неговото поетско творештво била промовирана книгата „Поезија-ткаења“, која ги содржи десетте збирки поезија на Димоски. Истовремено, на промоцијата бил прикажан и документарниот филм „Поет на мал народ“ од Антонио Велјаноски, посветен на творештвото на Димоски."35 години творештво на Ѓорго Димоски собрани во поетска книга", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр. 21.

Во март 2023 година, во издание на Општина Охрид, била објавена книгата со критичко-есеистички текстови за поезијата на Димоски, со наслов „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика (македонска и светска)“ чиј приредувач е Димитар Пандев. Книгата е составена од два дела при што првиот дел, насловен „Македонска критика“, е поделен на три циклуси: „За поезијата“ со текстови посветени на поезијата на Димоски, „За книгите“ со есеи за неговите книги, а третиот дел содржи есеи за некои поединчени песни. Во вториот дел, насловен „Странска критика“ се приложени есеи на повеќе странски автори кои го анализираат творештвото на Димоски.„Излезе критичко-есеистичка книга за поезијата на Славе Ѓорго Димоски“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 16.

Награди Млад борец за книгата „Гравири“ во 1980 Млада Струга за книгата „Проект/Пројекат“ на СВП во 1982 Седум секретари на СКОЈ (Хрватска) за книгата „Последните ракописи“ во 1988 Браќа Миладиновци за книгата „Темно место“ на СВП во 2000 „Исток-Запад, Гран-при на Европа“ за целокупното поетско творештво, доделена во 2009 година во Романија Орден „Златна есен - Сергеј Есенин“ за придонес во светската литература, доделен во Русија во 2012Орден „Сергеј Есенин“ за охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски Ацо Шопов (награда), за „Јазичен триптихон“ во 2016 Награда „Антево перо“ за „Кумова слама“ во 2018Промоција на Кумова слама од Славе Ѓ. Димоски наградена со Антево перо Награда „Григор Прличев“ за поемата „Денес“ во 2023 Награда Арка (Србија) за книгата „Рисови извештаји и друге песме“ во 2024 Двапати е добитник на највисокото општинско признание „Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“ во 2000 г. и 2012 г.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Луѓе од Велестово Категорија:Добитници на наградата „Антево перо“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“