Шабан Иљаз (р. 1955 во ) ― поет и преведувач од ромска националност во Македонија.
Животопис
Иљаз е роден во Скопје во 1955 година. Завршил средно стручно образование. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1996 година. Преведувал од ромски на македонски јазик и обратно.
Дела
Автор е на стихозбирките:
Корењата на мојот прадедо (1985), Споменикот на бесмртните (1990), и Светлината на цветот (1998).
Неговите стихови, како впрочем и севкупната литература на Ромите, провоцираат низа прашања и дилеми за битието, љубовта, смртта, за животот со своето секојдневие и за животот со една космополитска свртеност. Тоа се и стихови што ја промовираат мислата на Ромите во Македонија, но и нивната мисла за Македонија и пошироко.
Наводи
Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски Роми Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Членови на ДПМ