Јордан Леов (Велес, 29 август 1920 - Скопје, ) — македонски раскажувач, романописец и драмски автор.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 139 = 140.

Животопис Јордан Леов е роден во Велес на 29 август 1920 година. Студирал право на Универзитетот во Белград, а студиите ги завршил во Софија. За време на окупацијата на вардарскиот дел на Македонија, тој неколкупати бил затворен од бугарската власт и протеран на територија што е денес Бугарија. Учествувал во НОБ. По ослободувањето на Македонија, тој работел како заменик на јавниот правобранител на Македонија, а исто така, бил уредник на „Нова Македонија“, „Културен живот“ и други весници и списанија. Бил член на Друштвото на писатели на Македонија од 1952 година.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 793 стр.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 44.

Творештво Леов е автор на следниве дела:Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 44. „Посилни од смртта“ (раскази, 1952) „Велес во НОБ: велешките партизански одреди“ (заедно со Никола Кирков, 1952) „Длабока рана“ (раскази, 1953) „Побратими“ (роман, 1956) „Виор“ (роман, 1957) „Исчезнат свет“ (раскази за деца, 1957) „Расцветан јасмин“ (драма, 1957) „Глуви мугри“ (роман, 1960) „Афион“ (роман, 1963) „Антологија на болката“ (романизирана биографија, 1968) „Лош сон“ (повест за деца, 1972)

Леов е автор на првиот македонски хумористичен роман, „Побратими“ во кој дава интересна слика на велешката чаршија.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 44.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски драмски автори Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски уредници Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Затвореници во Бугарија