Миле Неделкоски (Прилеп, 25 ноември 1935 — Скопје, 21 јуни 2020) — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски писател.

Животопис Неделкоски е роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Бил уредник во издавачката куќа „Култура“. Член бил на ДПМ од 1963 година. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Рациново признание“.Друговац, М. (1979) „Современи македонски писатели“, Наша книга, Скопје. Починал на 21 јуни 2020 година во Скопје.М., Н.. „Почина писателот Миле Неделкоски“. Нова Македонија. 22 јуни 2020

Објавени книги Срце од злато (поезија, 1963) Јужно лето (поезија, 1964) Улавиот од Преспа (поема, 1965) Јавачи на ветар (раскази, 1967) Пепелаши (роман, 1968), Еретикон-еротикон (поезија, 1969) Трненки (роман, 1972) Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974) Пандур (роман, 1982) Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983) Недела ден за каење (поезија, 1984) Битпазар стилски вежби, ете... (поезија, 1984) Прозорец што гледа на улица Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (драми, 1985) Потковица на смртта и надежта (роман, 1986) Петрафил за вечната земја (роман, 1988) Подгревање на вчерашниот ручек (роман, 1988) Огледала на сенките (поезија, 1989) Создателот и старата емигрантка - продавачка на разни плодови (роман, 1991) Логоманија (есеи, 1996) Празникот на светите маченици (роман, 1996).

Награди Неделкоски е добитник на наградата: Награда „Браќа Миладиновци“ за 1969 година за стихозбирката „Еретикон-еротикон“

Извори

Категорија:Македонски писатели Категорија:Бугарофили Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Бугаромани