мини|350п|Мијачијата на карта на Македонија мини|Галичка свадба. мини|Девојки во мијачка носија. Мијаци — дел од македонскиот народ кој живее во Мијачијата или долнореканскиот крај покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно и национално наследство. Традиционалната мијачка носија е широко позната.
Историја
Мијаците се именувани според македонско словенско племе кое се населило во Долнореканскиот Регион на Македонија во V и VI век. Нивниот номадски начин на живот се преобразил во земјоделски и сточарски. По покрстувањето во VI век, оваа група на Македонци ги населила денес познатите населени места покрај Радика. Територијата на која живеат Мијаците е Реканскиот Регион со подрегионите.
Мијаците исто така биле познати и вешти дрворесци и иконографи. Дел од Мијаците, денес познати како Торбеши, го прифатиле исламот.
Населени места Мијаците традиционално ги населувале населените места во Реканскиот Регион на Македонија. Најпознати мијачки села, со најдобро зачувана духовна култура и етнографски вредности се селата Галичник, Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце, Росоки, Сушица, Осој и Могорче во областа Мала Река. Потоа, Мијаци живеат и во Жировница, Видуше, Болетин, Ростуше, Битуше, Велебрдо, Требиште, Присојница, Аџиевци, Јанче и Скудриње во Долна Река; Долно Косоврасти во Горен Дебар; Горно Мелничани и Долно Мелничани во Жупа; и Ехлоец во Копачка (единствено мијачко село на источните падини на Бистра и Стогово). Голем дел од овие мијачки села не се населени, бидејќи населението почнало да се преселува во почетокот на XX век. Голем број Мијаци се преселиле во Дебар, Скопје и Битола.
Но, Мијаците и многу порано почнале да се иселуваат од своите матични предели и да формираат нови населби, па така денес постојат мијачки оази во повеќе региони, како што се селата Ореше и Папрадиште во Азот, Горно Врановци (денес населено со Албанци) и Мелница во Гроот, Смилево во Железник (Демир Хисар) и селата Држилово, Цветово, Умово, Долно Количани, Елово и Пагаруша во областа Торбешија, Скопско. Овие населби биле формирани од Мијаците, а во некои се населиле (Крушево) за време на Отоманското Царство.
Религија Мијачкото население припаѓа на двете најголеми религии на Македонците, православие и ислам. Во почетокот на XX век православните села по долината на Мала Река биле големи населби, но денес овие села се речиси празни, а единствените живи села се наоѓаат во Долна Река, населени во најголем дел со муслимани. Денес, заедно поголеми заедници на православни и муслимани живеат во селото Ростуше, а во минатото вакви села со мешан верски состав биле и Јанче, Велебрдо, Требиште, Долно Косоврасти и Могорче, од кои последните православни жители се иселиле до втората половина на XX век, а денес во овие заедно живее претежно муслиманско мијачко население.
Јазик
Мијаците зборуваат на мијачки дијалект кои во македонската дијалектологија се нарекуваат долнорекански и галички (малорекански) говори. Основни одлики на дијалектот се:
употреба на „ж“ наместо „џ“ Мијачки Стандардно жеб џеб
Големиот старословенски јус се изговара како о Мијачки Стандардно рока рака
употреба на ж наместо ѓ
Мијачки Стандардно тужа туѓа
употреба на наставката „-т“ или „-д“ за трето лице еднина.
Мијачки Стандардно требат треба
наставка „-ајет“ за трето лице множина
Мијачки Стандардно ставајет ставаат
Поврзано Мијачки дијалект Мијачко-дебарска носија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мијаци Категорија:Рекански Регион Категорија:Македонци