мини|250п|Структура на антитело. Антителата (или имуноглобулини) се серумски гликобелковинии т.е. белковини кои се образуваат по навлегувањето на антиген во организмот и можат посебно да се поврзуваат со него.
Тие се специфични бидејќи препознаваат само одреден антиген, и таа реакција на сврзување на антиген со антитело е наречена антиген-антитело реакција. При оваа реакција опасниот антиген се уништува, а човечкиот организам долго време е заштитен.
Антителата припаѓаат на гама глобулините. Тие се создаваат и секретират од активираните B-лимфоцити - плазмоцити кои даваат одговор на антигенски стимул. Се содржат во крвниот серум, во лимфата, во минимални количини во меѓуклеточните простори или урината. Се наоѓаат и на површината на циркулирачките В-лимфоцити.
Структура Антителата се тешки белковини (~150 kDa) со големина од околу 10 nm, кои се состојат од три глобуларни региони во форма на буквата Y.
Класи
Има 5 класи на имуноглобулини (Ig) - IgA, IgD, IgE, IgG и IgM.
+ Изотипови на антитела кај цицачите Име Типови Опис Комплекси на антитела IgA 2 Го има на слузници, како црева, респираторен тракт и урогенитален тракт, и ја спречува колонизацијата на патогени. Исто така го има и во плунката, солзите и мајчиното млеко. IgD 1 Антигенски рецептор на Б клетки кои не биле изложени на антигени. Ги активира базофилите и маст клетките да произведуваат антимикробни фактори. IgE 1 Се врзува со алергени и предизвикува ослободување на хистамин од маст клетките и базофилите. Исто така штити од паразитски црви. IgG 4 Со неговите четири форми, го обезбедува најголемиот дел од имунитетот посредуван од антитела против патогени. Претставува единствено антитело кое може да ја премине плацентата и да обезбеди пасивен имунитет на фетусот. IgM 1 На површината на Б клетките се наоѓа како мономер и во неговата секретирана форма како пентамер. Ги елиминира патогените во раните фази на имунитетот посредуван од Б клетките пред да се достигнат поголеми количини на IgG.
Типови и реакции
Антитоксини - неутрализираат отрови на инфективни агенси; Аглутини - предизвикуваат аглутинација (слепување) на туѓи клетки; Опсонини - ги прават инфективните агенси почувствителни на фагоцитоза; Лизини - ги отстрануваат инфективните агенси по пат на растворање (лизија); Преципини - преципитират (таложат) туѓи материи.
Наводи
Категорија:Белковини Категорија:Имунолошки систем
Категорија:Имунологија