Демократската партија на Албанците (ДПА) е политичка партија на етничките Албанци во Македонија. Основана е на 4 јули 1997 во Тетово со обединувањето на Партијата за демократски просперитет на Албанците (ПДПА) и Народната демократска партија (НДП). ПДПА е основана во 1994 откако порадикалните членови на Партијата за демократски просперитет (ПДП), на чело со Арбен Џафери и Мендух Тачи, се отцепија од матичната партија, додека НДП е основана во август 1990 како порадикален конкурент на ПДП. Партијата е регистрирана по пет години од своето основање, во 2002 година.„Џафери ја регистрираше ДПА без промени во статутот“, „Дневник“ Прв водач на ДПА бил Арбен Џафери, кого на 30 јуни 2007 година го замени Мендух Тачи.„Мендух Тачи – нов водач на ДПА“, „Макфакс“

Изборни резултати thumb|250px|Седиштето на ДПА во Тетово

Парламентарни избори На изборите во 1998 година, ДПА освои 11 мандати. По изборите влезе во коалиционата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и учествуваше во владата до 2002 година. На парламентарните избори во 2002 година ДПА освои 5,2% од гласовите и 7 мандати во Собранието и премина во опозиција. На парламентарните избори во 2006 година ДПА освојува 7,5% од гласовите и 11 мандати и повторно влегува во владата. На предвремените парламентарни избори во 2008 година, ДПА повторно добива 11 мандати, а на предвремените парламентарни избори во 2011 година - 8 пратеници. По предвремените парламентарни избори во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ го прекинува традиционалното партнерство со ДПА и формира коалиција со најголемата албанска партија во парламентот ДУИ. Оттогаш ДПА е во опозиција.

Година на избориВодачБрој на гласови% на гласовиБрој на мандати+/–Влада1998Арбен Џафери200264,0255.35 4200670,2617.50 42008Мендух Тачи81,5578.26 0201166,3155.90 3201466,3935.92 1201630,9642.60 5202013,9301.53 12024Коалиција предводена од ДУИ 0

Претседателски избори ДПА имала свои кандидати на четири претседателски избори и тоа во 1999, 2004, 2009 и 2014. Ниеден кандидат од оваа партија не успеал да освои мнозинство во првиот круг.

Муарем Неџипи (1999, 155.978 гласови, 15,0%) Зуди Џелили (2004, 78.714 гласови, 8,7%) Мируше Хоџа (2009, 30.225 гласови, 3,06%) Илјаз Халими (2014, 38,966 гласови, 4,48%)

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на ДПА (на албански јазик)

Категорија:ДПА Категорија:Појавено во 1997 година во Македонија