thumb|250px|Атлантска харинга (Clupea harengus) како пример за нектонски организам. Нектон — група на организми кои се движат независно од струите во водната маса. Големината на телото на нектонските форми варира од неколку сантиметри, па до 30 метри. Важна одлика на нектонот е брзото движење, како и маневрабилноста (манифестирана со линеарна и аглеста ацелерација, стартување, запирање, вртење – со еден збор манифестирање агилност). Во светот на нектонот доминира инерцијата.

Нектонски организми се рибите, китовите, некои главонози, ракови, жаркари и други без‘рбетници.

Поврзано

Планктон Неустон Бентос Перифитон

Категорија:Водна екологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ