Азиска фудбалска конфедерација (AFC) — главно фудбалско тело во Азија, составено од 47 членки.
Организацијата била основана на 8 мај 1954 во Манила, Филипини, и е една од шесте континентални конфедерации на ФИФА. Седиштето се наоѓа во Букит Јалил, Куала Лумпур, Малезија. Во моментот претседател е Салман Бин Ибрахим ал-Калифа.
Натпревари организирани од АФЦ
АФЦ го организира Азискиот Куп, натпреварување наменето за фудбалските репрезентации од Азија кој се одржува секои четири години, како и Азиските Квалификации за Светското првенство и АФЦ Challenge Cup. Таа исто така ги организира квалификациите во фудбал за Олимписките игри за регионот на Азија. АФЦ организира три различни меѓународни клупски натрпреварувања секоја година. Најзначајно (и најстаро од постоечките клупски натрпреварувања на АФЦ) е Лигата на шампиони на АФЦ, организирано врз основа на Лигата на шампиони од УЕФА, создадена во сезоната 2002/03 со соединување на Азискиот Куп на шампиони и Азискиот Куп на Победници на Купови.
Останатите натпреварувања се создадени во 2004 година кога бил формиран „Vision Asia blueprint“ за развој. Ова довело до тоа 14-те најдобро рангирани АФЦ нации, да ги испратат своите најдобро екипи во Лигата на шампиони на АФЦ. Следните 14 нации, учествуваат со свои екипи во АФЦ купот.
Остатокот од членките на АФЦ го формираат со свои екипи АФЦ Претседателскиот Куп. Екипи кои се квалификуваат од секоја земја за меѓународните натпревари обично се шампионите и победниците на националниот куп. Моментно не постои напредување или пак испаѓање од секое од овие натрпреварувања. Во текот на годините, организацијата започнала реформи, кои вклучувале зголемена транспарентност, зголемување на компететивноста, подобрување на опремата за тренинг и задолжување на лигите да создадат систем за унапредување и назадување. Први 10 лиги кои треба да бидат реформирани се: Австралија, јапонија, Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Индија, Иран, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар. Предлогот предвидел радикални промени во Австралија, каде што професионалните лиги во сите спортови се организирани врз модел на затворено членство и ограничен буџет, систем главно применуван во Северна Америка.
Постојат 12 АФЦ Федерации кои учествуваат во Арапскиот Национален Куп организиран од УАФА (UAFA). Тоа се Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Катар, Оман, Палестина, Саудиска Арабија, Сирија, Обединети Арапски Емирати и Јемен.
Женски фудбал во Азија
Азиската Женска Фудбалска Конфедерација (ALFC) е дел од АФЦ (AFC) кој се занимава со развој на женскиот фудбал во Азија. АЛФЦ е создадена како независна асоцијација во април 1968 година на состанок на кој учествувале Тајван, Хонгконг, Малезија и Сигапур. Во 1986 година АЛФЦ се спојува со АФЦ. Азиската Женска Фудбалска Федерација помогна во организацијата на AFC Азискиот Куп за жени, за првпат одржан во 1975 година, како и на AFC првенство до 19 години за жени и AFC првенството до 17 години за жени.
Членство Азиска фудбалска конфедерација има 47 членки 12 од Западна Азија 6 од Средна Азија 7 од Јужна Азија 10 од Источна Азија 12 од Југоисточна Азија
Асоцијација Репрезентација Основан ФИФАприем АФЦприем МОКприемЗападна азиска фудбалска федерација (WAFF)BHR Бахреин(М, Ж)195719681969IRQ Ирак(М, Ж)194819501970JOR Јордан(М, Ж)194919561970KUW Кувајт(М, Ж)195219641964LIB М, Ж)193319361964OMA Оман(М, Ж)197819801980PLE М, Ж)192819951995QAT Катар(М, Ж)196019721974KSA Саудиска Арабија(М, Ж)195619561972SYR Сирија(М, Ж)193619371970UAE Обединети Арапски Емирати(М, Ж)197119741974YEM Јемен(М, Ж)196219801980Централноазиска фудбалска федерација(CAFA)AFG Авганистан(М, Ж)193319481954IRN Иран(М, Ж)192019481954KGZ Киргистан(М, Ж)199219941993TJK Таџикистан(М, Ж)193619941993TKM Туркменистан(М, Ж)199219941993UZB Узбекистан(М, Ж)194619941993Јужна азиска фудбалска федерација (SAFF)BAN Бангладеш(М, Ж)197219761973BHU Бутан(М, Ж)198320001993IND Индија(М, Ж)193719481954MDV Малдиви(М, Ж)198219861984NEP Непал(М, Ж)195119721954PAK Пакистан(М, Ж)194719481954SRI Шри Ланка(М, Ж)193919521954Источна азиска фудбалска федерација (EAFF)CHN Кина(М, Ж)192419311974GUM Гуам2(М, Ж)1975199619916HKG Хонгконг(М, Ж)191419541954JPN Јапонија(М, Ж)192119211954PRK Северна Кореја(М, Ж)194519581974KOR Јужна Кореја(М, Ж)192819481954MAC Макао(М, Ж)193919781978MNG Монголија(М, Ж)195919981993NMI Северни Маријански Острови1,2(М, Ж)2005N/A20095TPE Кинески Таипеј3(М, Ж)193619541954Фудбалска федерација ASEAN (AFF)AUS Австралија2,4(М, Ж)1961196320066BRU Брунеј(М, Ж)195919721969CAM Камбоџа(М, Ж)193319541954IDN Индонезија(М, Ж)193019521954LAO Лаос(М, Ж)195119521968MAS Малезија(М, Ж)193319541954MYA Мјанмар(М, Ж)194719481954PHI Филипини(М, Ж)190719301954SIN Сингапур(М, Ж)189219521954THA Тајланд(М, Ж)191619251954TLS Источен Тимор(М, Ж)200220052002VIE Виетнам(М, Ж)196019641978
1: Член на AFC member, не е член на FIFA. 2: Земја или територија на Океанија, но не е член на AFC. 3: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1976–1982), приклучен кон AFC. 4: Поранешен член на Конфедерацијата за фудбал во Океанија (1966–2006), приклучен кон AFC. 5: Дел од Олимпискиот комитет на САД. 6: Земјата или територијата на Океанија е член на Националните олимписки комитети на Океанија, наместо Олимписки комитет на Азија.
Наводи
Надворешни врски