Влатко Грозданоски (роден на 30 јануари 1983 во Скопје) — македонски поранешен фудбалер во периодот 1999 до 2017 година. Тој бил член на македонската фудбалска репрезентација.

Клупска кариера

Влатко својата кариера ја започнал во 1999 година играјќи за Цементарница од Скопје. Неговиот прв натпревар за Цементарница во Првата македонска лига го одиграл на 25 март 2000 година кога имал само 17 години. За Цементарница играл во финалето на Купот на Македонија 2001/02 против Победа од Прилеп. Тој бил во екипата на Цементарница 55 до декември 2002, а потоа потпишал за Вардар каде останал 1,5 година. Со Вардар го освоил првенството на Македонија во сезоната 2002/03. За сезоната 2001/02 ја добил Наградата за најдобар млад играч во Македонската прва лига. Во август 2004 потпишал двегодишен договор со најтрофејниот кипарски фудбалски клуб Омонија од Никозија. Со кипарскиот клуб Омонија го освоил Купот на Кипар и Суперкупот во 2005 годна. Влатко бил награден за најдобар млад странски играч во Кипарската прва дивизија за сезоната 2006/07. Во Омонија, Влатко се задржал 3,5 години во кои на 71 натпревар постигнал 9 голови. Во јануари 2008 година, потпишал двегодишен договор за фудбалскиот клуб Војводина. Во првите 6 месеци имал добар настап со постигнување на 6 гола во 13 натпревари. Во Војводина се задржуал 2 години. Во јануари 2010 година потпишал 1,5 годишен договор со кипарскиот фудбалски клуб АЕЛ Лимасол. За АЕЛ дебитирал на 1 март 2010 година на натпреварот против Неа Саламина. Во сезоната 2010/11, тој бил играч на ирански Дамаш Иранијан. Во сезоната 2011/12 се вратил во македонското фудбалско првенство и потпишал едногодишен договор со Вардар со кого ја освоил Првата лига. Во 2012 година, Грозданоски потпишал договор со кинескиот клуб Лјаонинг. Во јануари 2013 година, Грозданоски потпишал за ирански Персеполис.

Репрезентација

За репрезентацијата заиграл уште од 18 години. Тоа било против Оман на 30 декември 2001 година. Првиот гол го дал против Турција во квалификациониот натпревар за Европското првенство 2004 на 12 октомври 2002. Потоа постигнал уште еден гол против Турција во уште еден квалификациски натпревар за истото Европско првенство 2004 на 11 јуни 2003 година, против Естонија во пријателски натпревар на 11 јуни 2004 година и против Луксембург на 20 август 2008 година. Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во октомври 2011 година за време на Квалификациите за Европското првенство 2012 против Словачка. Вкупно за репрезентацијата има одиграно 50 натпревари и има постигнато 4 гола.

Репрезентативни голови

# Датум Место на одржување Противник Резултат по голот Краен резултат Натпреварување 1. 12 октомври 2002 Градски стадион, Скопје, Македонија 1 – 0 1–2 Квалификации за Европско првенство 2004 2. 11 јуни 2003 Стадион БЈК Инону, Истанбул, Турција 0 – 1 3–2 Квалификации за Европско првенство 20043. 11 јуни 2004 Арена A. Ле Кок, Талин, Естонија 2 – 4 2–4 Пријателски натпревар4. 20 август 2008 Стадион „Жози Бартел“, Луксембург, Луксембург 0 – 2 1–4 Пријателски натпревар

Достигнување и награди

Екипни

Цементарница Куп на Македонија Второ место: 2001/02 Вардар Прва македонска фудбалска лига: Освојувач: 2002/03 Омонија Кипарска прва дивизија Второ место: 2005/06, 2006/07 Куп на Кипар: Освојувач: 2004/05 Второ место: 2006/07 Суперкуп на Кипар: Освојувач: 2006 Војводина Суперлига на Србија: Второ место: 2008/09 Персеполис Хафзи куп: Второ место: 2012/13 Вардар АД Прва македонска фудбалска лига: Освојувач: 2014/15

Поединечни Најдобар млад играч на сезоната на Првата македонска фудбалска лига: 2002/03Најдобар млад странски играч на сезоната на Кипарската прва дивизија: 2006/07

Наводи

Надворешни врски Профил на MacedonianFootball.com

Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалски средишници Категорија:Македонски младински фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери на ФК Цементарница Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Омонија Категорија:Фудбалери на ФК Војводина Категорија:Фудбалери на ФК Лимасол Категорија:Фудбалери на ФК Гахар Загрос Категорија:Фудбалери на ФК Лјаонинг Категорија:Фудбалери на ФК Персеполис Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Кипарската прва дивизија Категорија:Фудбалери во Суперлигата на Србија Категорија:Фудбалери во Лигата азадеган Категорија:Фудбалери во Кинеската суперлига Категорија:Фудбалери во Персиската заливска про лига Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Иселеници фудбалери во Србија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Србија Категорија:Иселеници фудбалери во Кипар Категорија:Македонски иселеници спортисти во Кипар Категорија:Иселеници фудбалери во Иран Категорија:Македонски иселеници спортисти во Иран Категорија:Иселеници фудбалери во НР Кина Категорија:Македонски иселеници спортисти во НР Кина Категорија:Родени во 1983 година