Кристина Николовска (родена на , Скопје) — македонски поет, книжевен критичар, есеист, универзитетски професор, теоретичар на книжевноста, есеист, антологичар, стручњак за творечка култура во односи со јавноста, раководител на кампањи.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 182.

Таа е автор на дела од видот: поезија, книжевна теорија, книжевна критика, есеистика, толкувања, беседи, монографии и филозофски разговори. Приредувач е на избори поезија и на антологии.

Животопис Кристина е родена на 17 мај 1969 година во Скопје, каде што дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што и работи како редовен професор. Почнувајќи од учебната 2017/2018 проф. д-р Кристина Николовска станала раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Николовска е редовен професор по Теорија на литературата, а ги предава и предметите: Реторика и стилистика, Семиологија и херменевтика, Реторика во односи со јавност, Семиологија во односи со јавноста, и Метафорика. Ги предавала и предметите: Основни теориски поими, Теорија на жанри, Методологија на книжевно¬теориските поими и други. На постдипломските студии по македонска книжевност предава: Теорија на литература, Метафорика, Херменевтика, Ars poetica херменевтика. На докторските студии по Македонска книжевност предава: Теорија на литература, Креативна: реторика, стилистика, херменевтика, семиологија. На докторските студии за културологија предава: Креативна култура во односи со јавност (реторика, стилистика, херменевтика, семиологија).

На „Семинарот за македонски јазик, литература и култура“ во Охрид , таа повеќе години предавала курс по македонска книжевност (2002¬2005, 2013, 2019, 2020) и курс по творечко пишување (2014). Повеќе години, сè до денес, застапена е како предавач на Семинарот. Била посетувачки професор во Брисел (2004) и во Марибор (2005). Предавала и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2009–2010).

Таа станала член на Друштвото на писателите на Македонија во 1992, каде што од 2004 до 2006 била секретар за меѓународна соработка. Почнувајќи од 2014 година, таа била член на Претседателството на ДПМ.

Од 2018 до 2021 година, таа била секретар за меѓународна соработка на ДПМ и воедно член на Претседателството на ДПМ.

Автор е на ТВ серијалот „Разговорница“ (2007), циклус од шест тв-емисии филозофски разговори со врвни македонски уметници. Од 2009 година, Николовска бил шеф на кампањата на акцијата за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ Во 2018 година, таа станала член на Организацискиот одбор на меѓународната книжевна манифестација „Рацинови средби“ во Велес.

Книжевни дела

Поетски збирки

Десимфонија – Скопје, Книжевна младина на Македонија, 1988 Мугроносна – Скопје, Книжевна младина на Македонија, 1989

Теорија на литература

Метафора на припадност – Скопје, „Зојдер“, 1999. (теорија на литература, магистерски труд) Глаголска метафора – Скопје, „Зојдер“, 2004. (теорија на литература, докторска дисертација)

Литература и книжевна критика

Организација на тишината – Скопје, „Зојдер“, 2000. (литературна критика) Филозофемски мрежи – Скопје, „Зојдер“, 2004. (литературна критика) Внатрешен молк – Скопје, „Зојдер“, 2006. (литературна критика и есеистика). Светлинска – Скопје, „Силсонс“, 2016. (литературна критика, есеистика, толкувања и беседи) Сончевина – Скопје, „Силсонс“, 2018. (литературна критика, есеистика, толкувања и беседи).

Филозофски разговори

Харизма – Скопје, „Зојдер“, 2006

Разговорница – Скопје, „Силсонс“, 2014

Монографии

Опус-великан (книга за Гане Тодоровски) – Охрид, „Macedonia Prima“, 2009. (монографија: разговори, студии, есеи и критики) Поезија-небо (книга за поезијата на Славе Ѓорго Димоски) – Скопје, „Македонска реч“, 2012. (монографија: разговори, студии, есеи и критики) Златото на литературата, (книга за творештвото на Венко Андоновски) – Скопје, „Македонска реч“, 2013. (монографија: разговори, студии есеи и критики) Книга за Анте – Скопје, „Силсонс“, 2017 (критики и толкувања) Мостови на убавината (книга за творештвото на Стојан Тарапуза) – Скопје, „Силсонс“, 2019. (монографија: критики, толкувања и разговори).

Тематски избори

Тишината меѓу два збора (Ars Poetica) – Струга, „Струшки вечери на поезијата“, 2005. (Тематски избор од современата македонска поезија), (Избор, приредувач и предговор Кристина Николовска; Silence between two words (Ars Poetica) – Struga, „Struga poetry evenings“, 2005. (A Thematic Selection of Contemporary Macedionian poetry) (Selected and edited by Kristina Nikolovska); Песната меѓу две лета – Струга, 2008. (Избор, приредувач на избор од македонската поезија и предговор: Кристина Николовска); Poem between two summers – Struga, „Struga poetry evenings“, 2008. (Editing, Selection of Macedonian Authors and Preface by: Kristina Nikolovska).

Награди

Награда „Млада Струга“ при „Струшките вечери на поезијата“ Награда „Караманов“ за 2020 година при „Карамановите средби“ во Радовиш Награда „Димитар Митрев“ за 2016 година, за литературна критика и есеј, доделена од Друштвото на писателите на Македонија Традиционална награда „Златен орев“, за 2018 година, за критика и есеј, доделена од Советот на традиционалната манифестација Илинденски срцекази

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски антолози Категорија:Македонски книжевни теоретичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Доктори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје