Абелова награда — меѓународна награда која секоја година ја доделува кралот на Норвешка на еден или повеќе истакнати математичари. Го носи името на норвешкиот математичар Нилс Хенрик Абел (1802–1829). Оваа награда се смета за „Нобелова награда за математика“Геометар ја добива „Нобеловата награда“ за математика — nature.com, март 2009.Револуционерниот геометар Громов, „Нобел“ на математиката , Ел Паис, март 2009 Руски математичар ја доби математичката верзија на Нобеловата награда, Scientific American (блог), март 2009.Доделена е Абеловата награда: Нобеловата награда за математичари, Keith Devlin, maa.org, April 2004.Громов брои три награди во Њујоршкиот универзитет, Њујорк Тајмс, 1 јуни 2009. и се вбројува меѓу најпрестижните математички награди. Наградата е и парична, со износ од 684.000 евра (2009 г.).
Добитниците секоја година ги прогласува Норвешката академија на науките откако изборот ќе го направи одбор од пет меѓународни математичари. На чело на одборот стои математичарот Кристијан Сејп. Паричниот износ на наградата е сличен на оној на Нобеловата награда. Наградата е воспоставена во 2001 година со почетен фонд од 200.000.000 круни (околу $24.000.000 долари) во 2001 г. Наградата се доделува во обид да се создаде публицитет и јавна свест за математиката, и со цел да се подигне угледот на математиката, особено кај младите.
Наградниот одбор го има основано и Абеловиот симпозиум, со кој раководи Норвешкото математичко друштво.
Историја Наградата за првпат била предложена како дел од прославата во на 100-годишнината од Абеловото раѓање во 1902 г.Историја на Абеловата награда Во 1899, накратко по неговата смрт, Софус Ли предложил да се формира Абелова награда откако дознал во 1897 дека Алфред Нобел не планирал да ја вклучи математиката во неговите награди. Шведскиот крал Оскар II се согласил да ја финансира математичката награда во име на Абел, па така матемаричарите Лудвиг Силов and Карл Стермер изработиле нацрт-статути и правила за предложената награда. Меѓутоа влијанието на Ли обледнело по неговата смрт, и распаѓањето на Шведско-Норвешката Унија во 1905 значело неуспех за првиот обид за формирање на Абеловата награда.
Во 2001, откако се родил обновен интерес за наградата, формирана е работна група за предлогот, а самиот предлог бил поднесен на разгледување кај премиерот на Норвешка во мај месец истата година. Во август 2001, владата на Норвешка најавила дека доделувањето на наградата ќе по чне од 2002 г., по повод двесте-годишнината од раѓањето на Абел. По извесни одложувања, првата награда е всушност доделена во 2003 г.
Во текот на првите седум години (2003–2009), три добитници на наградата (Лакс, Варадан и Громов) се математичари вработени или во соработка со Курантовиот институт за математички науки.
Добитници
Година Добитник/ци Националност Причина 2003 Жан-Пјер Сер „за играње на клучна улога во обликувањето на денешната математика, вклучувајќи ја топологијата, алгебарската геометрија и теоријата на броевите“ 2004 Мајкл АтијаИзадор Зингер / „за откривање и докажување на теорема за индексите, здружувајќи ја топологијата, геометријата и анализата, како и за нивната извонредна улога во градењето на мостови помеѓу математиката и теориската физика“ 2005 Питер Лакс / „за неговите пионерски придонеси кон теоријата и примената на делумните диференцијални равенки и за пресметувањето на нивните решенија“ 2006 Ленарт Карлесон „за неговите темелни и знаменити придонеси кон хармоничната анализа и теоријата на мазните динамички системи” 2007 Ш. Р. Шриниваса Варадан / „за неговите темелни придонеси кон теоријата на веројатноста, а особено за создавање на унифицирана теорија на големите отстапувања“ 2008 Џон Г. ТомпсонЖак Титс ; / „за нивните темелни достигнувања во алгебрата, а особено за обликување на современата теорија на групите“ 2009 Михаил Громов / „за неговите револуционерни придонеси кон геометријата“ 2010 Џон Тејт „за неговото огромно и трајно влијание врз теоријата на броевите“ 2010 Џон Милнор „за епохални откритија во топологијата, геометријата и алгебрата“ 2012 Ендре Семереди / „за неговите суштински придонеси во дискретната математика и теориската информатика, и како признание за телемното и трајно влијание на овие придонеси врз адитивнатата теорија на броевите и ергодичната теорија” 2013 Пјер Делињ „за епохални придонеси кон алгебарската геометрија и нивното влијание врз теоријата на броевите, теоријата на претставувањето и сродните полиња“ 2014 Јаков Синај / „за неговите темелни придонеси кон динамичките системи, ергодичната теорија и математичката физика“ 2015 Џон Форбс НешЛуис Ниренберг / „за впечатливите и темелни придонеси кон теоријата за нелинеарните парцијални диференцијални равенки и нејзината примена во геометриската анализа“ 2016 Ендру Вајлс „за неговиот вчудовидувачки доказ на последнта Фермаова теорема преку претпоставката за модуларност за полустабилни елиптични криви, отворајќи ново поглавие во теоријата на броевите“ 2017 Ив Мејер „За негивата суштинска улога во разработката на математичката теорија за бранчињата.“ 2018 Роберт Ленглендс / „за неговата визионерска програма за поврзување на теоријата на претставувањето со теоријата на броевите.“ 2019 Карен Уленбек „за нејзините пионерски успеси во геометриските парцијални диференцијални равенки, баждарната теорија и интегративните системи, како и за темелното влијание на нејзината работа во анализата, геометријата и математичката физика.“ 2020 Хилел ФирстенбергГригориј Маргулис / „за пионерска примена на методи од веројатноста и динамиката во теоријата на групите, теоријата на броевите и комбинаториката.“ 2021 Ласло ЛовасАви Видгерзон / „за нивните темелни придонеси кон теоретската информатика и дискретната математика, како и за предводништво во нивното обликување како стожерни полиња на современата математика“. 2022 Денис Саливан „за неговите пионерски придонеси кон топологијата во најширока смисла, а особено нејзините алгебарски, геометриски и динамични аспекти.“ 2023 Луис Кафарели / „за неговите клучни придонеси кон теоријата за регуларноста кај нелинеарни парцијални диференцијални равенки вклучувајќи проблеми со слободни граници и Монж-Амеровата равенка.“ 2024 Мишел Талагран „за неговите пионерски придонеси кон теоријата на веројатноста и функционалната анализа, со извондедни примени во математичката физика и статистиката.“ 2025 Масаки Кашивара „за неговите фундаментални придонеси кон алгебарската анализа и теоријата на претставувањето, а особено за осмислувањето на теоријата на D-модулите и откривањето на кристалните графови.“ 2026 Герд Фалтингс „за воведување на моќни алатки во аритметичката геометрија и решавање на долгогодишните диофантовски претпоставки на Мордел и Ланг.“
Поврзано Филдсов медал Немерсова награда Неванлинина награда Ролф Шокова награда Волфова награда
Наводи
Надворешни врски
Матична страница на Абеловата награда Страница на Абеловиот симпозиум
Категорија:Математички награди Категорија:Норвешки награди *Добитници Категорија:Меѓународни академски награди