Доне Пановски (роден на година во - година во Битола) ― македонски критичар, есеист, книжевен историчар.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 194 - 195.
Животопис Пановские е роден на 5 ноември 1935 година во селото Буф, Леринско, егејскиот дел на Македонија. Починал на 7 јануари 1997 година во Битола. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој е еден од покренувачите на списанието „Развиток“ и издавачката дејност во Битола. Работел како новинар во весникот „Битолски весник“ од неговото основање. Тој станал член на ДПМ во 1975 година. Автор е на книгите: Вреднувања (критики, 1967), Импресии (критики, 1970), Литературни портрети (огледи, 1975), Литературни записи (критики, 1981), Писателите на Илинден (книжевни огледи, 1983), Рајко Жинзифов (огледи, 1983), Допири и доближувања (критики, 1990), Одгласи (студии, 1992), Учебникари и просветители (книжевни огледи, 1992), Литературни студии (1996), Буф и буфчани (монографија, 1998), Прозното творештво на Борис Вишински (студија, 1999). Автор е на поетските панорамски избори со опширни предговори: Илинденски одгласи (1983) и Октомвриски одгласи (1989).
Награди „4 Ноември“
Наводи
Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Луѓе од Буф Категорија:Починати во Битола Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски книжевни историчари Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски новинари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“