right|thumb|300px|Сателитска снимка на планината Таранаки од вселенскиот центар Џонсон на НАСА. На сликата е прикажан речиси кружниот облик на националниот парк Егмонт.
Национален парк Егмонт () — национален парк јужно од Њу Плимут, близу западното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Наречен е по истоимената планина која ги доминира пределите, а планината така ја именувал Капетан Кук, во чест на Џон Персевал, втор Ерл од Егмонт, Прв лорд на Адмиралштабот, поддржувач на првото патешествие на капетанот Кук. На маорски плаината со векови се нарекувала Таранаки, а денес двете имиња се подеднакво официјални.
Паркот е основан во 1900, и во него доминира големиот заспан вулкан на планината Таранаки (Егмонт).GNS Science. 2009 Паркот преку годината добива обилни врнежи, кои во суштина се од орографско потекло поради влажните западни ветрови кои влегуваат на копното од Тасмановото Море и налетуваат на планината Таранаки и блиските венци Поуакаи и Каитаке и затоа се принудени да се издигнат. Заради големото количество на врнежи и благата крајбрежна клима, подрачјето има бујна дождовна шума која ги покрива падините. Оваа шума е од национално значење заради наполното отсуство на буката (род Јужни буки).
Екологија Пределите на паркот се одликуваат со богата шума од северна рата, риму/широколисни четинари, иако кај севкупниот екосистем на паркот може да се забележи растителна зонација - ратата и римуто се најраспространети во пониските делови, додека пак дрвото камахи доминира во повисоките предели. Во овие прашуми доминира крунскиот папрат (Blechnum discolor) од ниските растенија.C. Michael Hogan. 2009 Карактерот на растителните заедници се менува со надморската височина, до подалпски и алпски честак на високите предели, во остар контраст со околните обработливи површини и земјоделски пасишта. Мошне забележлива географска форма во паркот е карактеристичниот радијален одводен систем, кој може да се забележи на фотографијата десно.
Поврзано Национални паркови во Нов Зеланд Таранаки/Егмонт - епонимната планина
Наводи GNS Science. 2009. „Вулканите на Нов Зеланд: планината Егмонт“ C. Michael Hogan. 2009. Крунски папрат: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, уредн. Н. Стромберг
Белешки
Надворешни врски Земјина опсерваторија на НАСА - Национален парк Егмонт (1) Земјина опсерваторија на НАСА - Национален парк Егмонт (2) Информации за националниот парк Егмонт - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд Планината Егмонт како позадина за компјутер
Егмонт Категорија:Таранаки