Лех Валенса (полски: Lech Wałęsa) (роден на 29 септември 1943 во Попово, Полска) — полски политичар и поранешен синдикалец и активист за човекови права. Тој е еден од основачите на Солидарност (полски: Solidarność), првиот независен синдикат во земјите од источниот блок. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1983 година, а беше претседател на Полска од 1990 до 1995.
Животопис Валенса е роден во Попово, Полска на 29 септември 1943 година, како син на столар. Завршил основно и средно стручно училиште, пред да се вработи во пристаништето во Гдањск како електротехничар во 1970 година. Во 1969 се оженил со Данута Голош, со која има осум деца. Неговиот син Јарослав Валенса е член на Сејм на Република Полска (долниот дом на полскиот парламент). Валенса е благочестив Католик, кој има изјавено дека верата секогаш му помагала, во времето на тешките моменти на организацијата „Солидарност. мини|лево|Марка на Македонска Пошта со ликот на Лех Валенса (ФДЦ 21/2008, 6 декември 2008)
Наводи
Категорија:Полски политичари Категорија:Претседатели на Полска Категорија:Добитници на Нобеловата награда за мир Категорија:Полски нобеловци Категорија:Живи луѓе Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата Категорија:Носители на Големиот крст од посебна класа на Орденот за заслуги за СР Германија