мини|десно|140п|Целосна слика на платното.

Торинско платно — ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека e тоа крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.

Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за првпат проучена вечерта на 28 мај 1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа.David Van Biema, Science and the Shroud, Time Magazine, 20 април 1998 http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,988184-1,00.html Bernard Ruffin, 1999, The Shroud of Turin ISBN 0-87973-617-8

Платното е предмет на интензивна дебата помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година папата Пиј XII, заедно со католичката црква, смета дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептиците сметаат дека ова платно е обична средновековна измама, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции.

Врз платното биле извршени различни тестови. Тестирањата со радиоактивен јаглерод во 1988 година извршени од три независни тимови научници изјавиле дека платното е создадено во средновековието, околу 1300 години по смртта на Исус. По ова тестирање следувале бурни реакции во однос точноста на испитувањето, најмногу од Хери Е. Гов. Следните анализи биле објавени во 2005 година тврдат дека примероците кои ги зеле научниците не се од самото платно. Самото платно било оштетено од оган за време на средновековието, па според тоа анализите објавени во 2005 година посочуваат дека поради огнот на платното биле додадени јаглеродни материјали што резултирало со поголема радиојаглеродна материја.

Како и да е, според истражувањето направено во 2008 година од Институтот за радиојаглерод во Оксфорд се обидело да се провери точноста на дадениот период кој бил даден со претходното истражување и директорот на институтот Кристофер Ремси ја повикал научната јавност повторно да ја утврдат автентичноста на платнотоDaily Telegraph article on Carbon dating http://www.telegraph.co.uk/news/main.jhtml?xml=/news/2008/02/25/nshroud125.xml .

Одлики мини|десно|150п|Скорешна слика на позитивот и негативот на платното.

Торинското платно е четириаголно платно со димензии од 4,4 со 1,1 метри. Најголемата одлика на платното е неговата бледожолтеникава боја со ликот на човекот со скрстени раце. Предниот и задниот поглед на главата се совпаѓаат на средината на платното. Ликот што се забележува потсетува на проекција на човеково тело или на уметничко дело на некој автор.

Ликот од платното има брада, мустаќи и коса со раст до рамениците. Човекот е мускулест и висок, за кој експертите процениле дека има околу 1,75 метри. За луѓето од Исусовото време или од средновековието ова е натпросечна висина, но секако не е недостижна. Кафеавкастите дамки што се присутно на платното и се совпаѓаат со деловите од телото, според верниците на платното, се совпаѓаат со раните што ги здобил Исус за време на распнувањето, но раните се совпаѓаат и со библискиот опис на смртта на ИсусHeller, John H. Report on the Shroud of Turin. Houghton Mifflin, 1983. ISBN 0-395-33967-7:

на едниот зглоб има дамка која се совпаѓа со дупката каде се наоѓал едниот клинец со кој бил распнат Исус (втората не се гледа зошто едната рака е над другата), мали убоди околу челото, линеарни рани на телото и нозете. Поборниците тврдат дека повредите се во согласност со повредите кои Исус ги здобил со камшикувањето, оток на лицето од сериозни тепања теченија крв од двете раце, нема докази за тоа дали ногата била скршена, голема рана на нозете од прободот на клинецот. Други физички одлики на платното вклучуваат присуство на вода, последици од огнот во 1532 година и остатоци од свилата во која платното било завиткано после огнот. Некои дупки кои можат да се забележат на платното не се како последица од огнот. Исто така можат да се забележат линии како последица на превиткувањето на платното.

На 28 мај 1898 италијанскиот аматерски фотограф го сликал за првпат платното и бил шокиран од негативот на сликата . Негативите на сликите од платното даваат некаков вид позитивна слика. Пија бил веднаш обвинет за измама но бил ослободен од обвиненијата кога во 1931 година професионалниот фотограф Џузепе Енрие го сликал платното и ги добил истите резултати како Пија.

Анализите од научниците од Лабораторијата Џет објавиле дека покрај тоа што сликаното платно има и одлики на негатив, туку има и пропорции за декодирање во 3Д-слика на човекот. Темните делови се претставени како да се поблиску до гледачот, додека светлите се подалеку. Ова не е одлика која се појавува во фотографијата и истражувачите не можеле повторно да создадат таква слика како што е претставена на платното.

Историја

Можен историски развој до XIV век мини|150п|десно|Икона со Мандалионот. Според Евангелието на Јован, апостол Петар и неговите соверници влегле во гробот на Исус набрзо по неговото воскреснување, за кое тие сè уште не биле свесни, и го пронашле лененото платно со кое било обвиткано телото на Исус и салфетката која била до неговата глава. Низ историјата голем број на визуелни претставувања се давале за платното со кое било обвиткано телотоHumber, Thomas: The Sacred Shroud. New York: Pocket Books, 1980. ISBN 0-671-41889-0, но ниту едно не е тесно сврзано со Торинското платно. Освен Мандалионот ниту едно претставување на платното или тврдење дека е вистинскот платно не содржи слика на лик. Вакви тврдења за вистинското платно има околу 43.

За Мандалионот се потврдило дека содржи слика од лицето на Исус и неговото постоење датира од 16 век. Некои предлагаат поврзаност помеѓу Мандалионот и Торинското платноWilson, pp. 148-175. За Мандалионот не постои легенда или навестување дека содржи слика од раскрвавеното и претепаното тело на Исус. За него се верува дека е слика на Исус префрлена на платното додека бил жив. Оваа слика е претставување само на лицето на Исус, не целото тело. Поборниците за теоријата дека Мандалионот е всушност платното на Исус, како што е Јан Вилсон, велат дека секогаш се обвиткувало така само за да се претстави лицето.

Три суштествени докази се цитирани во корист на оваа теорија. Свети Јован Дамаскински споменува слика и го одликувал Мандалионот како „парче“ или како долгнавесто платно, одошто како квадратно по облик. Како и да е, во описот на св. Јован Дамаскински сепак се зборува за слика на лицето на Исус.

Спротивно на тоа, Аврил Камерон, експерт за доцниот антички период и за византиската историја на Универзитетот во Оксфорд, остро се спротивставува на поистоветувањето на Торинското платно со Мандалионот. Според неа, Мандалионот е дел од византиската зографска школаAveril Cameron, The mandylion and Byzantine Iconoclasm. in H. Kessler, G. Wolf, eds, The holy face and the paradox of representation. Bologna, (1998), 33-54.

За време на трансферот на Мандалионот во Цариград во 944 година, Грегори Референдариус проповедал за артефактот. Овој говор на Грегори бил изгубен но повторно бил пронајден во архивата на Ватикан и преведен од Марк Гускин во 2004 година. Овој говор вели дека Мандалионот содржел не само лице од човек туку цела слика, за која се верува дека е од Исус. Говорот исто така споменува дека имало и остатоци или дамки од крв на него. Од тогаш биле пронајдени во Ватиканската библиотека и во Универзитетот во Лаијден во Холандија со кои се потврдува теоријата за Мандалионот. Меѓу артефактите пронајдени во универзитетот и во библиотеката во Codex Vossianus Latinus може да се прочита следното: мини|170п|десно|Унгарски ракопис од 1192 година кој се верува дека е доказ за постоењето на Торинското платно пред 14 век.

Во 1203 година, витезот крстоносец Роберт де Клари тврдел дека артефактот бил дел од безброј други реликти во Цариград. Меѓу другото тој вели: „Каде што беше платното во кое нашиот Господ бил завиткан, секој петок се исправува за да може секој да го види ликот на нашиот Господ“. Како и да е, историчарите Маден и Квелер тврдат дека Роберт ги помешал артефактите и дека тој всушност мислел на платното на света Вероника кое исто така го содржел ликот на ИсусMadden, Thomas, and Donald Queller. The Fourth Crusade: The Conquest of Constantinople. University of Pennsylvania Press, 1997. Second edition. page 139..

После четвртата крстоносна војна во 1205 година следувало писмо на Теодор Ангел, внук на византискиот цар, кој меѓу другото вели: „Венецијанците го распарчија златото и среброто, додека Французите го сторија истото со реликтите од светците и со најсветото од сите нив, платното во кое нашиот Господ Исус Христос бил завиткан после неговата смрт и пред воскреснувањето. Знаеме дека светите објекти се зачувани во Франција и Венеција и на други места.“ Codex Chartularium Culisanense, fol. CXXVI (copia), National Library Palermo)

Некои историчари велат дека платното било преземено од Ото де ла Рош, кој станал војвода на Атина, но набрзо го предал на темпларите кои пак го однеле во Франција. Така, за први сопственици на Торинското платно се сметаат темпларите или наследниците на Де ла Рош.

XIV век

Денес познато е дека појавата на платното кое денес се чува во Торино е од 1357 година, кога вдовицата на витезот Жофроа де Шарне, Жан де Вержи го објавила во црква во Лире во Франција.

Во музејот Клини во Париз, грбот на витезот и неговата вдовица може да се види на медалјон за поклонение, на кој исто така е прикажана слика на Торинското платно. За време на 14 век, платното често било јавно објавувано и изложувано, но не постојано, бидејќи бискупот на Троа, Анри де Поатје, забранил почит на сликата. Триесет и три години после објавувањето, сликата била објавена повторно, и кралот Шарл VI наредил да се премести платното.

Во 1389 година, платното и сликата биле прогласени за измама од страна на бискупот Пјер Дарсис во писмото кое го испратил до Авињон Антипоп Климент VII. Тој споменал дека и претходно била прогласена измама од страна на Анри де Поатје.

Во истото писмо, бискупот исто така вели дека при обидот за објавување на измама од страна на Анри, платното било многу бргу скриено за следните 35 и нешто години. Во писмото е вклучен детален опис на платното, каде се вели: „со мудра рака била насликана слика од човек, на позадината и на лицето, и лажно објавил дека тоа е самото платно со кое нашиот Спасител Исус Христос бил завиткан во гробот.“.

XV век

Во 1418 година, Умберт од Вилерсексел, го преместил платното во неговиот замок во Монфор поради безбедносни причини и да ги спречи криминалците. Подоцна, платното било преместено во Сент-Иполит-сир-ле-Ду. По смртта на Умберт, локалните канони се бореле за да се врати платното и случајот стигнал до суд. Но парламентот на Дол и Судот на Безансон го оставиле платното во сопствеништво на вдовицата, која патувала со платното низ различни места.

Вдовицата го продала платното како замена со замок во Верамбон во Франција во 1435 година. Луј Савојски, новиот сопственик на платното го зачувал во Шамбери во новоизградениот Сент-Шапел. Во 1464, војводата се согласил да плаќа годишна такса на каноните на Лиреј во замена за откажување на нивните барања за сопствеништво на платното. Со почетокот на 1471, платното било преместено во различни градови во Европа, меѓу кои и Торино.

XVI век до денес