{| align=right

Фернандо VI од Шпанија бил крал на Шпанија од 1746 година до 1759 година. Фернандо е роден на 23 септември 1713 година во Мадрид, Шпанија. Тој е вториот син на Филип V од Шпанија и неговата прва сопруга Марија Луиза Савојска. По само неколку месеци од неговото раѓање неговата мајка починала а татко му се оженил за Елизабет Фернезе.

Во 1729 година Фернандо се оженил за Марија Варбара од Португалија. На 9 јули 1746 година Фернандо се качил на престолот. Тој ја наследил војната која веќе се водела со Австрија. во текот на неговото владеење тој ја повлекол Шпанија во т.н. Војна за Австриско наследство. Тој вовел повеќе реформи како создавање на банка Гиро Реал во 1752 година, ја модернизирал флотата, ги обновил односите со црквата и имал голем придонес во културната обнова на Шпанија. Фернандо починал на 10 август 1759 година.

Категорија:Родени во 1713 година Категорија:Починати во 1759 година Категорија:Луѓе од Мадрид Категорија:Шпански монарси Категорија:Принцови од Астурија Категорија:Бурбонска династија во Шпанија Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Витези на Сантјаго Категорија:Европски монарси од 18 век