мини|десно|350п|Карта на Западна Европа за време на Западниот раскол
Западен раскол или Западна шизма познат и како Папски раскол — раскол во Римокатоличката црква во 1378 година.http://www.britannica.com/EBchecked/topic/640848/Western-Schism По смртта на Папа Григориј XI, изборот на нов папа се одвивало во многу напрегнета атмосфера. Многу кардинали, кои биле со потекло од Франција сакале престолнината да ја вратат во Франција, а италијанските кардинали сакале новиот папа да биде италијанец со седиште во Рим. На 8 април 1378 година, една толпа го презела дворецот на зградата каде што се заседавало за изборот на нов папа. На овој начин, бил избран новиот папа Урбан VI. По ова, француските кардинали изборот го објавиле како неважечки и го повикале новиот папа да се откаже од престолот. За папа тие го избрале Климент VII. Од друга страна пак, и папата Урбан VI не го признавал легимитетот на Климент и создал свој сопствен кардиналски собор.
Така бил ставен почетокот на големиот западен раскол која продолжила 40 години. На страната на папа Урбан VI застанале Германија, Италија, Полска и Скандинавија а на страната на папа Климент VII застанале Франција, Шпанија и Португалија. Се смета дека законскиот папа била Урбан, а Климент бил т.н. антипапа. Во одлуката да се врати во Рим, врз папата големо влијание имала и Катерина Сиенска, која проповедала враќање во Рим. Со враќањето во Рим (1378) започнало ново прекинување на папата и во Рим и во Авињон. Тое се нарекува Западен раскол, која завршила дури во 1417 г. со неколку собори, меѓу кои и оној во Констанца. Резултат на ова било воспоставувањето на црковни собори, кои имаат поголема власт од папата. Сепак тоа не валадеело долго по 1417. За нов папа бил избран Мартин V.
Поддршка + Приврзаност кон различните папства Папство 15px Авињонски папи 20px Римски папи 18px Пизански папи (од 1409) Поддржувачи: Франција (до 1409 г.) Арагонска Круна Кастиљска Круна Шкотска Навара Неапол (прешол под Рим на поч. на XV век) Сицилија Бургундија Савоја Бретања Кипар Чешка Круна (подоцна прешла под Рим) Фландрија (подоцна прешла под Рим) Болничарски ред Тевтонски ред (првично, потоа прешол под Рим) Велшки востаници (борејќи се против Англија) Португалија (подоцна прешла под Рим) Фоа Армањак некои царски сталежи на Светото Римско Царство Папска Држава италијански градови-држави Свето Римско Царство (најголемиот дел и царот, а само малку царски сталежи биле за Авињон) Англија Ирска под англиска власт Гелски кралства во Ирска Унгарија-Хрватска Полска Круна Литванија Чешка Круна (првично под Авињон) Фландрија (првично под Авињон) Венеција Џенова Данска Норвешка Шведска Тевтонски ред (првично под Авињон,потоа под Рим, а од 1409 г. под Пиза) Фиренца Аквитанија Гентски востаници (борејќи се против Фландрија и Франција) Португалија (прешла под Рим на крај. од XIV век) Неапол (прешол под Рим на поч. на XV век) Франција (прешла под Пиза во 1409 г.) Англија Ирска под англиска власт Полска Круна (прешла двапати под римскиот папа Григориј XII во 1410 и 1414 г.) Литванија Унгарија-Хрватска (прешле под Рим со Григориј XII во 1414 г.) Португалија (за Пиза во 1409 г.) Данска Норвешка Норвешка некои царски сталежи на Светото Римско Царство Тевтонски ред (1409–1415 г. во сојуз со Пиза)
Наводи
Категорија:Авињонско папство Категорија:Христијански поими Категорија:Историја на папството Категорија:Римокатоличката црква во 14 век Категорија:Римокатоличката црква во 15 век