Илија Антески - Смок (Тетово, – Тирана, ) — македонски комунист, учесник во НОВ.
Животопис Во 1939 година се запишал како вонреден студент на Правниот факултет во Белград. Бил вработен во монополот во Тетово. Станал член на СКОЈ во 1940, а потоа, во септември 1941 година и член на КПЈ и на Месниот комитет во Тетово.
Од јуни 1942 година е принуден да живее илегално, а на почетокот на септември 1942 година заминува во партизани. Тогаш се приклучил на во Гостиварско-мавровскиот НОПО Кораб. Станува инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија под италијанска окупација и политички комесар на Мавровскиот партизански одред.
На 27 април 1943 година бил заробен во Ново Село од балистите, со уште девет други партизани.Гале Фиданоски „Априлскиот злостор во Ново село“, Гостивар, 1976. Прво бил затворен во Гостивар, а потоа бил спроведен во Тирана. По кратко сослушување бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена во Тиранскиот затвор, ноќта на 16 и 17 мај 1943 година.Димче Савевски, „Првоборецот и револуционер Илија Антески-Смок“, „Тетово и Тетовско во НОВ 1941–1945“, Тетово, 1991, кн. 2, 154-161 стр.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 64 стр. Заедно со него, биле убиени уште пет македонски комунисти, заробени заедно со Илија Антески - Смок кај Ново Село.
Поврзано
Зора Антеска
Наводи
Литература Димче Савески, „Иљо Антески-Смок“, Центар за информирање и издавачка дејност Полог, Тетово, 1986.
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Политичари од Тетово