Еротеј (роден во Варвара - ) Лешок, (световно име: Лаврентие Давидов), македонски игумен. Завршил ќелијно училиште во Софија и го добил чинот јеромонах.

Служел во црквата „Св. Никола“ во Тетово во 1898 година. Бил игумен на Лешочкиот манастир од 1898 па сè до смртта во 1910 година. Бил истакнат во настанот опеан во народната песна за сардисувањето на манастирот во 1905 година, кога со мудрост и со храброст, го спречил масакрирањето на масата верници во манастирот, сардисан од Албанци, за време на манастирскиот празник.

Наводи

Категорија:Луѓе од Варвара (Тетовско) Категорија:Починати во Лешок Категорија:Македонски духовни лица Категорија:Игумени на Лешочкиот манастир