Ѓорѓи Мавродиев (Георги Мавродиев) — македонски физичар и професор.
Роден во 1928 година во селото Крупник, пиринскиот дел на Македонија. Во 1950 година, тој дипломирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1960 година, тој докторирал на ПМФ, со тема за исправувачките својства на Бунзеновиот пламен. Специјализирал во Љубљана и во Единбург. Почнувајќи од 1971 година, тој станал редовен професор на ПМФ.
Предавал механика, термодинамика и електромагнетизам, како и општа физика на останатите факултети. Објавил повеќе трудови за електричната спроводливост на гасовите и плазмата, за фазните дијаграми на тврдите тела и легурите, проучувани преку нивната дилатација, за тенките филмови и примената на сончевата енергија.
Соавтор е на повеќе средношколски учебници. За периодот 1975-1976 бил декан на ПМФ.
Наводи
Категорија:Македонски физичари Категорија:Југословенски физичари Категорија:Бугарски физичари Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Доктори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје