Љубица Станковска (Тетово, ) — македонски филолог, научен советник во ИМЈ „Крсте Мисирков“ и потоа во Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Животопис Станковска е родена во Тетово на 10 февруари 1943 година. Магистрирала на темата „Застапеноста на суфиксот -ец (-овец/-евец) во македонската топонимија“ во 1974 година, а докторирала на „Македонскиот топонимиски систем до XVI век“ во 1985 година. Научна преокупација и е македонската ономастика. Имала студиски престои во Чешка (1968), Русија (1970) и Полска (1979). Во 2003 ја добила наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката за трудот "Суфиксите -јб, -бјб, -ч во македонската топонимија".
Библиографија Автор е на над сто библиографски единици. Од кои позначајни се: Речник на личните имиња кај Македонците, Скопје, 1992; Македонска ојконимија, книга прва, Скопје, 1995; Македонска ојконимија, книга втора, Скопје, 1997; Топонимите со суфиксот -ица во Македонија, Скопје-Прилеп 2001; Суфиксите -јь, - ьјь, -ь во македонската топонимија, Прилеп, 2002; Имињата на населените места во Кумановско, Прилеп, 2003.
Наводи
Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски слависти