Теута Арифи (албански: Teuta Arifi, Тетово, ) — македонска политичарка, универзитетски професор, пратеник, и поранешен градоначалник на Општина Тетово.

Животопис

Арифи е родена во Тетово на 19 октомври 1969 година. Основното и средното образование ги завршила во Тетово. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирала на тема „Ликот на жената во албанската книжевност“ на Филолошкиот факултет во Скопје. Работела како доцент по предметот Албанска книжевност на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Еден период работела како новинар-дописник на Дојче веле. Ангажирана е како професор по Албанска книжевност на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Таа е потпретседателка на ДУИ и пратеник во Собранието на Македонија.

По парламентарните избори во 2011 година била поставена за министер за евроинтеграции. На 15 февруари 2013 година поднела оставка од оваа позиција поради својата кандидатура за градоначалник на Општина Тетово. На локалните избори 2013 година го победила својот противкандидат од редовите на ДПА, Сади Беџети со 6.100 гласови разлика.

Библиографија „Gjeografia ime“ (Мојата географија), поезија, 1996; „Егзистенцијален феминизам“, 1997; „Жената во современите трендови во Македонија“, студии, 1997; „Седум магични денови“, раскази, 1998.

Наводи

Надворешни врски Теута Арифи - Поранешен Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Интервју на вицепремиерката Теута Арифи за Радио Слободна Европа

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Градоначалници на Општина Тетово Категорија:Апсолвенти на Приштинскиот универзитет Категорија:Магистри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Професори на УЈИЕ