Георги Кондолов бил македонски револуционер,Izvestii︠a︡ na instituta po istorii︠a︡ na BKP.. (1987). Bŭlgarska Komunisticheska partii︠a︡. с. 385 учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и воjвода на Македонската револуционерна организација, а потоа еден од водачите на Илинденското востание во ОдринскоОсвободителнитѣ борби на Македония, I, Хр. Силянов.
Животопис
Тој е роден е во с. Велика, Малотрновско, (денеска во Турција) во 1858 година. Уште од детството ги напушта родителите и изучува дрводелски занает во Цариград.
Во 1878 година се населува во Хасково, Источна Румелија, каде отвора своја работилница, а од 1896 година и во Бургас.
Еден е од основачите и раководител на Македоно-одринското друштво во Бургас. Во 1897 година заедно со капетан Петко војвода и др. формираат таен револуционерен комитет.
Во почетокот на 1901 година Кондолов формира своја чета која дејствува во Малотрновско и Бунархисарско. Учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ на 28 јуни 1903 година, на Петрова нива, каде е избран за началник на сите востанички чети во тој реон.
На 6 август 1903 година, за време на Илинденското востание при нападот на с. Паспалово Малосамоковско, (денеска во Турција) е предаден од гркот Аристиди, тешко е погоден војводата Кондолов, кој заповеда да биде застрелан. Тешката задача, со ждрепка, му се паднала на Димитар Желjaзков - Македончето. Последните му зборови му биле:
Извори
Надворешни врски Песната „Кондолов, страшен комита“.
Извори Освободителнитѣ борби на Македония, I, Хр. Силянов Въ Македония и Одринско ― Спомени на Михаилъ Герджиковъ Спомени от Странджа. Бележки по Преображенското въстание в Одринско — 1903 г., Хр. Силянов
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Родени во 1858 година Категорија:Починати во 1903 година