Мендух Тачи (албански: Menduh Thaçi; Тетово, ) — македонски политичар и претседател наДемократската партија на Албанците во Македонија.

Животопис Тачи е роден во Тетово на 3 март 1965 година. По матурирањето тој се запишува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, каде што студирал стоматологија. Тогаш млад и амбициозен Тачи се вратил во својот роден град и се вовлекол во политиката.

Со распадот на Југославија, во Македонија се интензивираат албанските политички движења. Прва е формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), во која влегува и Тачи. Но, веќе во 1993 година, партиското радикално крило, ја напушта партијата и формира нова политичка сила, кој подоцна беше именувана како Демократската партија на Албанците. Нивен водач бил Арбен Џафери, а заменик Мендух Тачи. Во 1998 година, по парламентарните избори, ДПА влегува во парламентот, и со тоа Тачи како заменик. Во 2006 година неговата партија се приклучува на владината коалиција. Во новоизбраниот парламент Тачи е член на комисијата за одбрана и безбедност. Поседува голем имот во Приштина и тој исто така е еден од главните финансиери на неговата партија.

Покрај политиката, тој продолжува да се интересира и понатаму за медицината. Во неговото слободно време тој чита посебна литература и класиката. Има одлично познавање на македонски и на францускиот јазик. Женет е, има два синаЭХО планеты ИТАР-ТАСС. Во повеќе наврати е пратеник во Собранието на Македонија. За време на пратеничкиот состав 2008-2012 е претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. На 23 декември 2016 година поднел оставка од функцијата претседател на ДПА. Мендух Тачи поднесе оставка од ДПА, 23 декември 2016, Дневник На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор за предметот „Титаник 2“ на СЈО.

Наводи

Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Македонски Албанци Категорија:Политичари од ДПА Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Живи луѓе