Хамид Тачи (албански: Hamid Thaçi, Ваксинце, 1924) — македонски борец и политичар од албанска народност.
Животопис Тачи е роден во кумановското село Ваксинце во 1924 година. Се школувал во Великата медреса во Скопје од 1936 до 1941 година, а потоа завршил гимназија во Приштина. Поради политички прогон, тој бил принуден да го прекине школувањето и се приклучил на НОБ од првата половина на 1943 година како борец, политички комесар на чета на баталјон и на бригада. Бил демобилизиран како капетан на ЈНА. Од 1950 година, тој бил професионален политички работник. Ја завршил Политичката школа во Белград и бил народен пратеник во Соборот на производителите на Народното собрание на НРМ.
Наводи
Категорија:Македонски Албанци Категорија:Луѓе од Ваксинце Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски политичари