Рајко Жинзифов, роден како Ксенофонт Ѕинѕифи (; Велес, - 15 февруари 1877, Москва) — познат македонски преродбеник од влашка народност, и дводомен писател и поет. Бил сестран деец — публицист, преведувач и собирач на народно творештво.

Животопис

Ран живот и образование Роден во Велес во влашко-гркоманско семејство по потекло од Москополе (денешна јужна Албанија), а доселено во Велес, од Битола. Татко му Јоан Ѕинѕифи имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес. Основното образование го добил во родниот град од татко си Јоан Ѕинѕифи и учителите М. Будимировиќ и Н. Христодуловиќ.

Просветна дејност Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде тој и Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност.

Живот во Русија и смрт лево|мини|Рајко Жинзифов (стои четврт) со група бугарски и македонски студенти во Москва (1861 г.), меѓу кои Петко Каравелов, Марин Дринов, Константин Везенков и др. Во 1858, на 19-годишна возраст година заминал за Русија каде што го поминал остатокот од животот. Во Москва се запишал на Историско-филозофскиот факултет. Таму се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.

Во Русија, заштита му пружил Константин Миладинов, кој му го запознал со руската атмосфера. Осумнаесетте последни години од својот живот, Жинзифов ги поминал во борба со немаштијата како емигрант во Русија. Неговото познанство со браќата Миладиновци резултирало со пишување на нивната биографија. Уште во московскиот седмичник „Ден“, во броевите од 17 ноември до 1 декември 1862 година, под псевдонимот „Велешанин“, тој ги објавил своите сеќавања за браќата Миладинови, во форма на впечатоци и спомени од личните контакти.Гане Тодоровски, „Македонската книжевност во 19 век“, Скопје, 1990, стр. 35. Во Москва, во 1863 година ја издал својата прва и единствена стихозбирка која содржи негови песни, како и препеви од руски, украински и чешки јазик. По завршувањето на универзитетот, се вработил како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Исто така, продолжил со книжевната дејност, но главно со превод и публицистика, а соработувал и со руски, словенофилски и бугарски списанија од Цариград.

Само уште еднаш откога заминал за Русија имал можност да ја види родната земја и своите најблиски и тоа во текот на двомесечното патување низ Македонија преку летото на 1866.

Творештво мини|Крвава кошула, Браила,1870|305x305пкс Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошула“, издадена во 1870 во Браила, Романија на македонски јазик. Современиците на Жинзифов сметаат дека оваа поема ја напишал уште во Македонија, некаде во 1857 година. Во поемата се осудува турската тиранија и се опишува неподносливиот живот на нашите луѓе под турско ропство.Александар Спасов, Поезијата на Рајко Жинзифов, „Трудови“, год. 1, бр. 1-2, Скопје, 1960 г. Пишувана под силно влијание на украинските песни на Тарас Шевченко, поемата „Крвава кошула“ опишува вистинска случка за една мајка која, откако Турците ѝ го убиле единствениот син, ја донела неговата крвава кошула в град за да му ја покаже на народот во црковниот двор.

Во 1867 година, Жинзифов ја објавил мистификацијата на Стефан Верковиќ и Теодосиј Гологанов на руски јазик.

Тој, исто така, го напишал и првиот расказ во македоснката литература: „На Прошедба“.

Рајко Жинзифов бил соработник на весниците: „Дунавска зора“, „Македонија“, „Слобода“, „Бугарска пчела“, „Век“ и „Време“, како и на списанијата: „Читалиште“, „Периодическо списание“, „Б'лгарски книжици“ и др.Жинзифов, Р., Крвава кошула, 1870Жинзифов, Р., ГулабЖинзифов, Р., Питање и одговорЖинзифов, Р., Гусљар в соборЖинзифов, Р., Вдовица.

Библиографија

Поеми Крвава кошула

Стихотворби Молитва - препев. Недопејана песња До б’лгарската мајка Стихотворение Близ реката Вардар После смртта на Н. Огњанов Белграду Гулаб, Б'лгарски книжици, година III, 1860, бр. 22. Питање и одговор, Братски труд, 1860, кн. 1. Глас, Братски труд, 1862, кн. 4. Охрид, Братски труд, 1862, кн. 4. Просјак, Братски труд, 1862, кн. 4. Доба, Братски труд, 1862, кн. 4. Гарван, Братски труд, 1862, кн. 4. Брату си, Братски труд, 1862, кн. 4. Сељанка, Братски труд, 1862, кн. 4. На младенецот а..., Братски труд, 1862, кн. 4. Жалба, Братски труд, 1862, кн. 4. Таен глас, Братски труд, 1862, кн. 4. На чуждина, Братски труд, 1862, кн. 4. Млади години, Братски труд, 1862, кн. 4. На другоземецот, Братски труд, 1862, кн. 4. Европеизмот во Шумен, Братски труд, 1862, кн. 4.

Гусљар в собор Сон Молитва Вдовица Разговор со сонцето Безсоница На Велигден Сам себеси Песња Одзив кон певецот До мајка ми Град Нова година Певец пред смртта си Послание

Раскази Прошедба

Значење и влијание Во чест на овој македонски преродбеник, Блаже Конески ја напишал поемата „Средба со Жинзифов“.Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 15-17.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 130-138.

Надворешни врски

Биографија на Рајко Жинзифов Рајко Жинзифов Рајко Жинзифов: Творештво Рајко Жинзифов во Русија "Гулаб", Цариград, 1860 г.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски Власи Категорија:Отомански писатели Категорија:Отомански просветители Категорија:Отомански Власи Категорија:Луѓе со потекло од Москополе Категорија:Починати во 1877 година Категорија:Луѓе од Велес