Кајсија (или обична кајсија, ) — најодгледуваниот традиционално овошје во нашиве простори. По Втората светска војна производството на кајсии во Македонија изнесувало околу 2.700 тони. Во последната декада од социјалистичкиот период (1980–1990) површините под плантажни насади достигнаа до 900 хектари, а производството до 12.000 тони. Со приватизацијата и влошувањето на состојбата во општествениот сектор, насадите се напуштени, а производството нагло опадна. Последниве години статистиката регистрира 140.000 родни стебла кајсии, со производство меѓу 2.000 и 4.000 тони.

Име Латинското име на кајсијата е Prunus armeniaca. На македонското јазично подрачје растението е познато и како заразалија, зинзврида (Ловча, Неврокоп), ѕензер (Церевик, Прилеп), зинзириака (Лехово, Демир Хисар), зерда (Височен, Драма), ѕарвалина (Дојран), грлесници (Волак, Драма), праска (Махомија, Разлог).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 4

Опис мини|лево|Кајсија (дрво) во Кападокија, Турција Кајсијата е мало дрво, високо 8-12 метри, со стебло до 40 см во пречник и густа широка крошна. Листовите му се овални, 5-9 см долги и 4-8 см широки, со заоблена основа, истакнати на врвот и ситно назабени по страните. Цветовите се 2-4,5 см во пречник, со пет бели до розеникави латици. Цветаат одделно или во парови, во рана пролет, пред лисјата. Плодот е налик на ситна праска, 1,5-2,5 см во пречник (па и поголем кај некои одгледувачи), со жолто-портокалова боја, црвеникав на страните што се најмногу изложени на сонце; површината му е мазна со ситни, кадифени влакненца. Има 1 семка затворена во тврда лушпа.Flora of China: Armeniaca vulgarisRushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9. мини|лево|Кајсија и пресек на кајсија

Одгледување и примена

Историја на одгледувањето

Кајсиите биле познати во Ерменија уште во античките времиња и таму се одгледуваат толку долго што често се верува дека оттаму и потекнуваат.CultureGrams 2002 – Page 11 by CultureGrams Таа претпоставка произлегува од научното име Prunus armeniaca (Ерменска слива). Па така, Де Поердерле, пишувајќи за дрвото во 18 век, тврдел дека "Cet arbre tire son nom de l'Arménie, province d'Asie, d'où il est originaire et d'où il fut porté en Europe ..." ("ова дрво свото име го добило по Ерменија, провинција во Азија, од каде и потекнува, и од каде било донесено во Европа ..."). Downloadable Google Books. При археолошките ископувања во Гарни во Ерменија биле најдени семки на наоѓалиште од бакарното време.B. Arakelyan, Excavations at Garni, 1949–50 in Contributions to the Archaeology of Armenia, (Henry Field, ed.), Cambridge, 1968, page 29. Сепак, Вавиловиот центар за потекло го лоцира потеклото на одгледувањето кајсии во Кина, а други извори велат дека кајсијата најпрво била одгледувана во Индија, околу 3000 г. п.н.е.Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening 1: 203–205. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.

Се смета дека први во Европа ја донеле Александар Македонски, и римскиот генерал Луциј (106–57 г. п.н.е.) заедно со црешата и праската. Повеќе извори даваат различни податоци за потеклото на видовите. Ботаничарот Лоудон (1838) верувал дека кајсијата отпрвин се простирала не само во Ерменија туку и на Кавказ, на Хималаите, во Кина, и во Јапонија. The genus is given as Armeniaca. Downloadable at Google Books.

Кајсиите се одгледувале и во Персија уште за време на античките времиња, а сушените кајсии биле важен производ за нивната трговија. Дури и во современ Иран, кајсијата зазема значајно место меѓу овошките и општо е позната под името Zard-ālū (персиски: زردآلو).

Египќаните обично ги сушеле кајсиите, им додавале шеќер, а потоа да ги користеле за пијалак наречен "Амар ал-Дин".

Денес сортите на кајсии се раширени во сите делови на Земјината топка чија клима одговара за нивно одгледување.

Одгледување

Иако кајсија по потекло е од регионите со континентална клима и студени зими, тоа може да вирее и на средоземна клима. Сувата клима во овие подрачја е поволна за зреењето на овошките. Дрвото е малку поотпорно на студ од праска, издржувајќи зимски температури и до -30 °C а ако е здраво, дури и пониски. Ограничувачки фактор за одгледување на кајсијата е пролетниот мраз: Тие имаат тенденција да цветаат многу рано, што значи пролетниот мраз може да го убие цветот. Исто така, дрвјата се осетливи на температурни промени во текот на зимската сезона. Во нивната родна Кина, зимите можат да бидат многу студени, но со помалку температурни разлики отколку што тоа е случај во Европа а особено во Северна Америка. Хибридизација со Prunus sibirica (сибирска кајсија; отпорна и до −50 °C но со не толку вкусен плод) нуди можности за одгледување на повеќе растенија отпорни на студот.Prunus sibirica – L.

Кајсиите честопати се калемат на слива или на праска. По ова калемење плодот честопати варира согласно големината и вкусот.

Производство

Најголемите дванаесет производители на кајсии—2009(1.000 тони) 695 398 290 234 203 194 190 123 116 115 100 99Свет 3800''Source:Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO)'' Турција е главен производител на кајсии, а веднаш по неа следат Иран и Узбекистан. Според ФАО, во 2010 година во Македонија биле произведени 2996 тони кајсии.

Семки од кајсии

Семките од кајсија кои растат во Средна Азија и околу Средоземјето се толку благи што можат да бидат замена за бадемите. Италијанскиот ликер амарето и амарети бисквитите се зачинети со екстракт од семки од кајсии место со бадеми. маслото добиено од кајсии се користи и како масло за готвење. Семките содржат од 2,05% и 2,40% хидроцијанидна киселина, но нормалната конзумација е недоволна да предизвика некои посериозни здравствени нарушувања.Medicinal and Poisonous Plants of Southern and Eastern Africa - Watt & Breyer-Brandwijk (1962)

Маслото од семки од дива кајсија е моќен природен антиоксиданс, кој ги уништува слободните радикали во човечкиот организам. Една од главните состојки на маслото од кајсија е витаминот Б17, на кој стручната литература и голем број истражувања му препишуваат антиканцерогени и антитуморни својства. Освен како превенција од тумори, ова масло се употребува и против симптомите на астма и силна кашлица – за разредување на бронхијалните спазми, а со антивоспалителните својства кои ги има, можат да се третираат сериозни кожни болести, како што се егземи, дерматитис и акни. Честа е неговата употреба и како лаксатив при проблеми со опстипација и мрзливи црева. Ова масло се користи и за хранење на сува и повозрасна кожа, го спречува губењето на косата и ги јакне нејзините фоликули. Совршено се апсорбира во кожата и не остава масни траги, и не предизвикува никакви алергиски реакции дури и на најчувствителната кожа.

Извор

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Овошје Категорија:Слива Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Турцизми Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Овошни дрва Категорија:Маслодајни растенија