Зоран Ставрески ( во Охрид) — министер за финансии во периодот 2009 — 2016 година.
Животопис
Дипломирал на Eкономскиот факултет во Скопје во 1987 година, а магистрирал 1997 година на истиот факултет на тема „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти - случајот на Република Македонија“.
Ставрески зад себе има десетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономска политика и петгодишно практично искуство на дијалог и економска соработка меѓу меѓународните финансиски инститиуции и развојните организации и Македонија.
Пред да стане член на владата на Никола Груевски работел во Светската банка, каде од февруари 2006 година бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги за земјите членки. Од јули 2009 година, по разрешувањето на дотогашниот министер за финансии Трајко Славески, бил избран за министер за финансии.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Охрид Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Министри за финансии на Република Македонија Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Економскиот факултет - Скопје