Шефшет Адеми (албански: Shefshet Ademi; Долно Јаболчиште, Велешко, ) — македонски судија, правник и претседател на Основен суд Велес.
Животопис Адеми е роден на 21 април 1963 година во Долно Јаболчиште, Велешко. Основно и средно образование завршил во Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 29 септември 1986 год. со просечен успех 8,85. Во 1987 година, тој се вработил како приправник, а потоа и стручен соработник во Основен суд на Здружен труд Скопје - одделение Велес, а од 1 јануари 1992 година како Стручен соработник во Основен суд Велес. На 27 јуни 1996 година, тој бил избран за судија во Основен суд Велес и распореден да постапува по кривични предмети спрема полнолетни и малолетни лица. На 22 февруари 2006 година, тој избран за Претседател на Основен суд Велес, а истовремено и постапува по кривични предмети спрема полнолетни и малолетни лица.
Наводи
Категорија:Луѓе од Долно Јаболчиште Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски судии Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје