Ромир Имами (албански: Rromir Imami; Скопје, ) — македонски сликар.

Животопис Имами е роден на 19 јануари 1977 година во Скопје. Во Скопје дипломирал турски и италијански јазик и култура. Имами е самоук сликар и се занимава со апстрактно сликарство. Бидејќи се образувал во Иса беговата медреса во Скопје, тој имал можност да се запознае со калиграфијата на арапскиот ракопис која подоцна, на еден изменет начин се одразила на неговата уметничка дејност. Заедно со холансдскиот сликар Маике Фекес, имал изложба на фотографии на тема „Њујорк“ на Белите Ноќи во Скопје.

Наводи

Надворешни врски Ромир Имами на страната на artvizion.org (албански)

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски сликари