Горно Каленик — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.
Географија Селото се наоѓа 10 км североисточно од Лерин и 6 км источно од Долно Клештино, во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.
Историја Во Отоманското Царство Во османски дефтери на христијанското население на Леринскиот вилает за 1626-27 г. селото е заведено како Каљаник-и баља со даночни домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 332.
Во XIX век Горно Каленик било чисто македонско село во Леринската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции)“ го опишал Каљник како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93. Во неговата етничка карта на Вардарската Долина од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Горно Каленик како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каленик (Kalénik) било село со 90 домаќинства и 254 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ нашишал дека во селото живеат 72 македонски семејства со вкупно 364 лица.Веркович, Стефан. Топографическо-этнографический очерк Македонии, СПб, 1889. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Долно и Горно Каленик имало 394 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Каленик се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 25 куќи.
По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 328 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
Во првите денови на април 1908 г. власта извршиал претрес на селото. Одземени се неколку пушки и револвери.Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 356 жители. На пописот од 1920 г. се заведени 309 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Калиники, што е проста грцизација на македонското име.
Во 1940 г. Горно Каленик имало 500 жители. Иако не настрадало позначајно во Граѓанската војна, во 1960-тите селото бележи значајно намалување на населението поради голем бран на иселувања во прекуокеанските земји.
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Личности Ристо Шиката — деец на МРО, роден во Горно или Долно Каленик, војвода на чета во реонот на Алексо Џорлев за време на Илинденското востаниеНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 146.
Население
Стопанство Селото се смета за многу богато. Произведува големи количества жито.
Поврзано Леринско Поле
Литература Хил, П. Говорот на Каленик [Леринско]. – Die slavischen Sprachen (Salzburg), 1982, No 1, 33—38. Hill, Р. The Dialect of Gorno Kalenik. Slavica Publishers. Columbus, Ohio, 1991, 255 p.
Наводи
Категорија:Лерин