Оваа статија е за сојузната држава во САД, Флорида. За други значења, видете Флорида (појаснување). Флорида е држава која што се наоѓа во југоисточниот дел на САД. Се граничи со Алабамa на северозапад и Џорџија на север. Голем дел од пространството на државата е голем полуостров, од Мексиканскиот Залив на запад, Атлантскиот Океан на исток до Карибите на југ. Во 1845 година, по период од триста години од европското владеење, Флорида е признаена како 27-ма држава во САД.
Со површина од 65755 квадратни милји (170 305км2), Флорида е рангирана на 22-то место по големина помеѓу 50-те држави на САД. Флорида има најдолга крајбрежна линија во границите на САД, опфаќајќи околу 1350 милји (2 170км). Државата има четири големи урбани средини, голем број на помали индустриски градови и многу мали градови.
Флорида е наречена „сончевата држава“ најмногу поради нејзината топла клима-суптропска во северните и централните региони на државата и вистинска тропска клима во јужниот дел. Во 2009 година бирото за попис на САД потврдило дека населението на државата изнесува 18.537.969 со кое што Флорида се рангира како четврта најнаселена држава во САД. Талахеси е главниот град на државата, Џексонвил е најголемиот град и Јужна Флорида е најголемата метрополитенска област.
Историја Главна статија: Историја на Флорида.
Археолошките истражувања покажуваат дека Флорида најпрво била населена од Палеоиндијанците, првите жители на Америка, пред околу 14 илјади години. Регионот континуирано се населувал низ архаичниот период (околу 2000 години п.н.е). По околу 500 години, претходната релативно еднообразна архаична култура почнува да се спојува со карактеристичните локални култури. До 16-от век, најраното време за кое постојат историски записи, големи групи од северноамериканските индијанци кои ја населувале биле: Апалачи (од тесниот појас на Флорида), Тимукуа (од северна и Средна Америка), Аис (од централниот атлантски брег), Токобага (од областа на заливот на Тампа), Калуза (од југозападна Флорида) и Текеста (од југоисточниот брег).
thumb|200px|right|Знамињата на петте држави кои владееле со Флорида.
Флорида е првата територија од она што денес се континенталните САД која била посетена од Европејците. Најраните познати европски истражувачи се појавиле со шпанскиот конквистадор Хуан Понсе де Леон кој го забележал полуостровот на 2 април 1513 година. Според неговите хроничари, Понсе де Леон го именува регионот Ла Флорида („цветна земја“), бидејќи тогаш била велигденската сезона, позната на шпански како Паскуа Флорида (приближно „цветен Велигден“), затоа што растителноста била во цут. Можно е Хуан Понсе де Леон да не е првиот Европеец што стигнал до Флорида. Од 1513 година па наваму, државата станува позната како „Ла Флорида“, иако по 1630 година и во текот на 18 век, Текеста (по племето Текеста) билаалтернативно име за полуостровот Флорида по објавувањето на картата од страна на холандискиот картограф Хесел Геритс во Историјата на Новиот Свет на Јоанес де Лает.
Во текот на следниот век, Шпанците и Французите основале населби во Флорида со различен степен на успех. Во 1559 година, Дон Тристан де Луна и Арелано формира колонија во денешна Пенсакола, еден од првите обиди за европска колонизација на континенталната САД. Напуштена е од 1561 година поради урагани, глад и завојувани племиња и не е населена повторно сè до 1690-тите години. Во 1564 година француските хугеноти ја основале Форт Керолајн во денешен Џексонвил, но во наредната година тврдината била освоена од страна на силите на новата шпанска колонија Сент Аугустин (наречена Сан Агустин на шпански). Шпанците одржувале слаба контрола над регионот покрстувајќи ги локалните племиња, накратко со Језуитите, а подоцна и со францисканските монаси. Локалните водачи (касики) ја покажале својата лојалност кон Шпанците со преминување во римокатолицизам и со добредојденоста на францисканските свештеници во нивните села.
thumb|left|200px|Бернар Пикар изгравирана чинија со Индијанците од Флорида, Circa 1721 "Cérémonies et Coutumes Religieuses de tous les Peuples du Monde"
Површината на шпанска Флорида се намалила со основањето на англиските колонии на север и француските колонии на запад. Англичаните ја ослабнале шпанската моќ во областа преку снабдување на нивните сојузници, Крик и Јамаси, со огнено оружје и поттикнувајќи ги да ги нападнат Тимуку и Апалачи, сојузничките племиња на Шпанците. Англичаните го нападначе Св. Августин, запалувајќи го градот и нивната катедрала неколкупати, додека граѓаните се криеле зад ѕидовите на Кастиљо де Сан Маркос.
Флорида привлекувала голем број на Африканци и Афроамериканци од, окупираната од Британците, Северна Америка, кои сакале слобода од ропство. Штом влегувале во Флорида, шпанската круна ги примала во римокатолицизмот и им давала слобода. Овие поранешни робови се населиле во една заедница северно од Св. Августин, наречена Грациа Реал де Санта Тереза де Мосе, првата основана населба од ваков вид во она што денес се нарекува САД. Многу од овие робови, исто така се добредојдени од страна на домородните американски племиња, Крик и Семинол, кои на покана на шпанската влада ималеосновано населба.
thumb|200px|right|Поделбата на Источна и Западна Флорида во 1810 година
Во 1763 година, Велика Британија дипломатски добива контрола врз Флорида и други територии преку договорот во Париз. Британците ги поделиле своите нови освојувања на Источна Флорида со свој главен град Св. Августин и Западна Флорида со свој главен град Пенсакола. Британија се обидела да ја развие Флорида преку увозот на имигранти за работна сила, но овој проект на крајот пропаднач. Шпанија ги добива и двете Флориди по поразот на Велика Британија од страна на американските колонии и по договорот од Версај во 1783 година, продолжувајќи ја поделбата на источна и западна Флорида. Тие нуделе земјиште за секој којшто ќе се насели во колониите и голем број Американци се преселиле во нив.
По нападите од колонистите врз индијанските градови, индијанците Семинол со седиште во Источна Флорида почнале да вршат рации во населбите во Џорџија, наводно по налог на Шпанците. Армијата на САД предводи почести упади во шпанската територија вклучувајќи го походот против семинолските индијанци од страна на Ендру Џексон од 1817-1818 година, која стана позната како првата Семинолска војна. По војната, САД делотворно ја контролирале Источна Флорида. Во 1819 година, според условите на Адамс-Онис спогодбата, Шпанија ја отстапува Флорида на САД во замена на американското одрекување од сите барања за Тексас што би можеле да ги имаат по набавката на Луизијана и 5 милиони долари.
thumb|right|200px|Св. Августин е најстариот град во САД основан во 1565 од Шпанците.
Како што се појачувал процесот на населување, се зголемувал и притисокот врз американската влада, да се отстранат Индијанците од нивните земји во Флорида. На разочарување на сопствениците од Џорџија, Семинолите ги прифаќале пребеганите црнци, познато како Црни Семиноли. Се зголемиле судирите помеѓу белците и Индијанците со приливот на новите доселеници. Во 1832 година, владата на САД го потпишува Пејновиот договор за земјиште со некои од поглавиците на Семинолите, ветувајќи им земја западно од Мисисипи ако тие се согласат доброволно да ја напуштат Флорида. Многу од Семинолците заминале во тоа време, додека оние коишто останале биле подготвени да ги бранат своите имотни права. Во 1835 година, пристигнала армијата на САД, за да го спроведе договорот под притисок на белите доселеници. На крајот на годината се случил "Дајд масакрот", кога Семнолите нападнале од заседа и раниле или смртно убиле речиси цела една група од 110 американски војници, заедно со мајорот Дејд и седум офицери кои марширале до Форт Брук (Тампа) за да се зајакне Форт Кинг (Окала). Со тоа започнала Втората Семинолска војна. За седум години до 1842 година, помеѓу 900 и 1500 семинолски индијанци употребувале герилски тактики против американските војници. Владата на САД проценила дека за војната има потрошено помеѓу 20 милиони и 40 милиони долари, во тоа време една астрономска сума.
thumb|200px|left|Битката на Олуст за време на Американската граѓанска војна во 1864 година
На 3 март 1845 година, Флорида стана 27-ма земја-членка на Соединетите Американски Држави, иако нејзиното население од почеток полека се зголемуваше. Белите доселеници продолжија да посегнуваат по земјата користена од семинолците и владата на САД реши да се обиде уште еднаш да ги придвижи останатите семинолци на запад. Третата семинолска војна траеше од 1855-1858 година и заврши со отстранување на голем дел од останатите семинолци. Дури и по три крвави војни, армијата на САД не успеа да ги принуди сите семинолци да се преселат во Западна Флорида. Иако повеќето од семинолците беа насилно прогонети до Крик земјите западно од Мисисипи, стотици, вклучувајќи го и семинолскиот водач на Арипека (Сем Џонс) останаа во Еверглејдс одбијаа да ја напуштат својата татковина на своите предци. Нивните потомци останаа таму до ден денешен.
Белите доселеници почнаа да основаат плантажи со памук во Флорида каде што се бара голем број работници. До 1860 година, Флорида имала само 140 424 луѓе од кои 44% биле поробени. Имало помалку од 1 000 слободни афроамериканци пред граѓанската војна.
На 10 јануари 1861 година, пред почетокот на американската граѓанска војна, Флорида го прогласи нејзиното отцепување од унијата. Десет дена подоцна, државата стана основачки член на конфедеративните американски држави. Војната заврши во 1865 година. На 25 јуни 1868 година, конгресната репрезентација на Флорида беше вратена. По обновата, белите демократи упееа да ја повратат моќта на државното законодавство. Во 1885 година тие создадоа нов устав, проследено со статутите низ 1889 година, кои ефектно ги лишеа од граѓанските права повеќето црнци и многу сиромашни белци во текот на следните неколку години. Одредбите вклучуваат анкетни даноци, тестови за писменост и услови за живеење. Лишувањето од граѓанските права за повеќето афроамериканци во државата истраја сè до движењето на граѓанските права од 1960 година кога се здобијаа со федералното законодавство за заштита на своето право на глас.
До средината на 20 век, Флорида беше најмалку населена држава. Во 1900 година, нејзиното население беше само 528 542 од кои речиси 44% беа афроамериканци. Во 1920-тите години, националниот економски просперитет го стимулираше туризмот во Флорида. Комбинирано со своето ненадејно воздигнување во профил Флорида беше бум земја во 1920-тите која што во краток период донесе интензивен напредок на земјата. Уништувачките урагани во 1926 и 1928 година донесоа период проследен со уништување на пазарот на берзата и задржување на големата депресија.
thumb|right|200px|Војници и толпи во центарот на Мајами 20 минути пред завршувањето на Втората светска војна.
Економијата на Флорида нема целосно да закрепне сè додека не се изгради по втората светска војна. Климата, зацврстена со растечката достапност на климатизација и ниските трошоци за живеење ја направи државата рај. Миграцијата од Руст Белт и североистокот нагло го зголемија населението по војната. Во последните декади, повеќе доселеници дошле за работни места во развојот на економијата. Денес со проценета популација од повеќе од 18 милиони жители, Флорида е најнаселена држава во југоисточниот дел на САД, втората најанселена држава во Јужна САД зад Тексас, и четврта најнаселена држава во САД. Бирото за попис процени дека Флорида, сега четвртата најнаселена држава е на работ да го премине Њујорк на третото место во вкупната популација до 2011 година.
Поврзано: Семинолски војни и Флорида во Американската граѓанска војна.
Географија thumb|right|200px|Топографска карта на Флорида Дополнителни информации: Список на окрузи во Флорида. Поврзано Список на државни паркови во Флорида.