мини|десно|Икона на св. Наум Охридски од црквата „Св. Никола“ во Турје Турје , Корифи, до 1927 г. Τούρια, Турија) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. На пописот од 2011 г. немало ниеден жител.
Географија и местоположба Селото Турје се наоѓа на југозападните падини на планината Вич на надморска височина од 1440 метри, на самиот врв Чаталака. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, Ѓорче Петров дава детален опис на местоположбата и околината на Турје кое го лоцира> на југоисток од Трсје на 1 ½ час на врвот на разделот – чатал кој се образува од Вич и Каменик на југозападната падина на Вич е сместено селото Турје (во Костурската Каза и Костурската епархија). Поточно е ако се каже дека тоа е расположено на билото меѓу Вич и Каменик отколку во долината на тие два разграноци. Селаните не паметат ниту еден ден од годината без да има ветер на тоа место. На 2 мај кога го посетив тоа село, дрвјата уште беа покриени со снег. Влезот на селото беше покриен со снег дебел еден метар. Иако сонцето печеше силно, ние слободно одевме горе врз снегот. Од Лерин за Турје се оди по трсјанскиот пат. Околу Турје Вич е гол. Врвот Каменик е обраснат со млада букова шума. Реката е проста вадичка, но подолу од Турје со неа се присоединуваат други вадички од Вич и така се собира рекичка на којашто може да меле воденица со еден камен. Од Турје по реката на југ се излегува во Кономлади, Поздивишта и Жервени (македонско- муслиманско село) во Костурската Каза. Колски пат нема и не може да се направи.
Историја Селото Турје како дервенџиско село се среќава во турските пописни дефтери од век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде е запишано дека вкупно имало 28 христијански македонски семејства кои произведувале пченица и јачмен за што селото остварувало свкупен приход од 1135 акчиња На основа на податоците од записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото се состоело од 60 куќи со околу 400 души жители сите Македонци под духовенство на Егзархијата. Повеќето куќи биле покриени со плочи. Некогаш селото било понајугозапад и се викало Рудина. Селото Рудина било раселено од арамии пред 220 години (денес 340) и стоело 90 години пусто. После некојси Митре Калчук со помош на некои бегови успеал да собере 7 од разбеганите семејства и го основал сегашното село Турје. Зошто го нарекле Турје не се знае. Беговите ги натерале блиските села на новото село да му изградат црква којашто и во тоа време стоела таква недоправена каква што ја направиле тогаш на ангарија. Селото Турје многу настрадало за време на Граѓанската војна, во која покрај дадените жртви повеќе семејства и поединци биле принудени да побараат прибежиште во Македонија и во некои од источноевропските земји.
+ Места во заедницата Турје преименувани со службен указ на 28 септември 1968 година Име Име Ново име Ново име Опис Каменик Κάμενικ Антиполохагу Панайоту Йоану Άνθυπολοχαγού Παναγιώτου Ίωάννουврв на Вич на СЗ над Турје и на И од Горна Статица (1594,7 м) Тумбите Τούμπιτε Македономаху Пирза Μακεδονομάχου Πύρζαврв на Вич на З над Турје и на И над Статица (1591 м) Киселица Κισέλετσα Кинитрес Ξινήθρες Чаулчето Τσαούλτσετο Андисиндагматарху Скиадопулу Άντισυνταγματάρχου Σκιαδοπούλουврв на Вич на И над Турје (1685 м) Плочите Πλότσιτε Антиполохагу Иоаниди Кенофондас Άνθυπολοχαγού Ίωαννίδη Ξενοφώντοςврв на Вич на ЈЈИ од Турје (1564,5 м) Турјанска Река Τουργιάντσικα Корифиотико Κορυφιώτικοреката на Турје, во сливот на Рулска Река
Потекло и значење на името Според народното предание селото го добило името Турје поради принудното иселување од првобитната населба „со туркање“.
Стопанство Почвата е црвеникава и нелеплива орница. Тука се раѓа многу малку ’рж, грав, овес и коноп. На крајот на XIX век, вишокот на производството на селото Турје се продавал за 12.000 грошеви. Исто така, во тоа време, жителите на ова село биле печалбари.
Население
Личности Личности родени во Турје:
Јана Стојчева Калкова (1908-) — учесник во НОВ на Македонија
Иселеништво До 1961 година во Македонија се иселиле 18 семејства, 15 семејства се иселиле во источноевропските земји, 44 семејства во Австралија и 8 семејства во Канада
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вич