Балтино или Болтино (, Калитеја; до 1927 г. Μπάλτινον, БалтинонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπάλτινον - Καταφύγι, 1927-1961 г. Καταφύγιον, КатафигионΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καταφύγιον - Καλλιθέα) — село во Гребенско, југозападна Егејска Македонија, денес во општината Гребен на областа Западна Македонија, Грција, крај границата со Тесалија.

Според пописот од 2011 г. Населението брои 122 жители, во кои се вбројани и жителите на с. Бозово (Прионија) кое се води како дел од една месна заедница. Балтино е најјужно населено место во цела Македонија.

Географија Селото се наоѓа на јужната граница на Македонија, недалеку од тромеѓата што ги дели Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад. Атарот на селото на југ и југозапад се граничи со тесалиската општина Каламбака.

Сместено е на околу 40 км јужно од градот Гребен, во северните делови на планината Хасија, која е дел од венецот Пинд.

Историја Османлиско време Се смета дека на сегашното место Балтино е основано околу 1770 г. од 11 влашки семејства.

Во 1881-1912 напосредно на југ од селото поминувала границата меѓу Османлиското Царство и Кралството Грција. Тогаш Балтино е влашко христијанско село на јужниот крај на Гребенската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Болтино живеат 100 Власи.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 276. Според грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. Μπάλτινο има 178 влахојазични жители, од кои ниеден не е пороманчен.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција Во Балканската војна во 1912 г. селото го окупираат грчки единици, а по Втората балканска војна во 1913 година Балтино влегува во состав на Грција.

Во 1923 г. во селото биле сместени грчки бегалски семејства од Мала Азија, со вкупно 43 луѓе.

Во 1927 г. името му е сменето во Катафигион, а во 1961 г. го добива денешниот назив Калитеја.

Пописи

1913: 203 жители 1920: 65 жители 1928: 121 жител 1940: 148 жители 1951: 161 жител 1961: 202 жители 1971: 152 жители 1981: 322 жители 1991: 94 жители 2001: 169 жители 2011: 122 жители

Стопанство Во селото се застапени разновидни земјоделски гранки, со особен нагласок на краварството.

Култура Денес селскиот собор се приредува на 26 јули за Света Петка.

Знаменитости Главна селска црква е „Свети Никола“. Недалеку од селото се и параклисите „Света Троица“ и „Света Петка“.

Литература Χανιώτης, Ν.Δ., "Η Καλλιθέα Γρεβενών", Αθήνα 1978.

Наводи

Категорија:Гребен (општина)