Турија или Кранија ( или Κρανέα, Кранеа, порано Τούργια, Турја; ) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 192 жители (2021), сочинето од Власи.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на Гребенско, околу 35 км југозападно од градот Гребен, во подножјето на Хасија, на надморска височина од 960 м. Недалеку се наоѓа тромеѓата што ги дели Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад. Атарот на Турија на југ се граничи со Куцуфљани, Трикалско, а на југозапад со Милја во Мечовско, Епир.

Неколку километри источно од селото се наоѓаат остатоците на Велони.

Историја

Во Отоманското Царство мини|Панорама на селото Турија, меѓу 1898–1912. Фотографија на браќата Манаки (оштетена плоча)|лево Според преданието, денешното село настанало со спојувањето на постарото село Турија и Палеохори (Старо Село). Во легендата запишана од францускиот патеписец Франсоа Пуквил, овој настан се случил околу 1507 г.

Епирскиот хроничар Панајотис Араванитос („Етнографска карта на Епир“) посочува дека жителите на Кранија (Kraniá) биле грчки и влашки говорници.

Во 1881–1912 г. непосредно на југ од селото поминувала границата меѓу Отоманското Царство и Кралството Грција. Кон крајот на XIX век Турија било влашко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Крања (Турија) живееле 1.500 жители, сите Власи.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кранја се води како чисто влашко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот Санџак со 220 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Кранија (Κρανιά) живееле 872 „влахофони“, од кои 190 се пороманчени.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 1.137 жители, кои во 1920 г. се свеле на 852 лица. +Места во заедницата Турија преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписКанијаΚανίγιαЗјакасΖιάκαςврв на ЈЗ (2.072 м)БалцecΜπάλτσεςЛивадиΛιβάδιшума на ЈЗКараули-ТоскаΚαραούλι-ΤόσκαСкопија ТоскаΣκοπιά Τόσκαврв на ЗКостарауΚωσταράουКакоплевриΚακοπλεύριДаницаΝτανίτσαМандра ДаницаΜάνδρα Ντανίτσαврв на ЈКусајΚουσάϊКурсариΚουρσάροιврв на СЗ (1.117 м)БугазиΜπου­γάζιПерасмаΠέρασμαпревој на ЈЗВолjамариΒολιαμάριМега РемаΜέγα Ρέμαврв на ССтара ТуријаΤούργιαПалеа КранијаΠαλαιά ΚρανιάСеријаΣέργιαКиладаΚοιλάδαмесност на И

Стопанство Во минатото, населението претежно се занимавало со сточарство и со занаетчиство, а голем број луѓе оделе на печалба. Меѓутоа, во поново време постои насочување кон земјоделството. Развиени се и планинскиот и селскиот туризам.

Население

Општествени установи

Поранешно основно училиште Полициска станица

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Сите Светители“ — главна селска црква, подигната во XVIII век Црква „Св. Никола“ „Св. Петка“ „Св. Ѓорѓи“

Параклиси

„Св. Илија“ „Св. Атанасиј“

Личности Родени во Турија

Теохар Михадаш (1918–1996) — поет и писател во Романија Димитрие Чикма (?–1905) — учител, деец на романската пропаганда

Наводи

Категорија:Гребен (општина) Категорија:Населени места основани во 1507 година