Ема Голдман (; 27 јуни 1869 – 14 мај 1940) — анархистка позната по својот политички активизам, пишување и по своите говори. Таа играла главна улога во развојот на анархистичката политичка филозофија во Северна Америка и Европа во првата половина на XX век.

Родена во Ковно во Руската ИмперијаGoldman, Living, с. 24. (денешен Каунас, Литванија), Голдман во 1885 година емигрирала во Соединетите Американски Држави во Њујорк каде што станува член на растечкото анархистичко движење во 1889 година.University of Illinois at Chicago Biography of Emma Goldman. UIC Library Emma Goldman Collection. Посетено на December 13, 2008. Привлечена кон анархизмот по аферата „Хајмаркет“, Голдман станува писателка и позната адвокатка на анахистичката филозофија, правата на жените и социјалните прашања и со своите говори таа привлекувала илјадници. Заедно со анархистичкиот писател, љубовник и доживотен пријател Александар Беркман, таа планира да изврши атентат над индустријалецот Хенри Клеј Фрик како акт на пропаганда на дело. Иако Фрик го преживал атентатот, Беркман бил осуден на 22 години затворска казна. Во наредните години Голдман била затворана во неколку наврати поради „предизвикување немири“ и незаконско дистрибутирање на информации за контрола на раѓањето. Во 1906 година Голдман го основа анархистичниот весник „Мајка Земја“.

Во 1917 Голдман и Беркман се осудени на казна затвор од 2 години поради „поттикнување лица да не се пријавуваат“ за нововоспоставената воена регрутација. По нивното ослободување тие и стотици други биле уапсени и депортирани во Русија. Иако првично ја поддржува Болшевичката револуција во Русија, Голдман набрзо станува критичар поради употребата на насилство и репресијата врз независните поединци. Во 1923 година таа пишува книга за нејзините искуства „Моето разочарување во Русија“. Додека живеела во Англија, Канада и Франција таа ја напишала својата автобиографија „Живеејќи го мојот живот“. По почетокот на Шпанската граѓанска војна таа патува во Шпанија да ја поддржи тамошната анархистичка револуција. Таа почина на возраст од 70 години во Торонто на 14 мај 1940 година.

За време на нејзиниот живот таа била позната кај своите почитувачи како слободен мислител и жена бунтовник, додека од своите критичари била осудена како адвокатка за политички мотивирано убиство и насилни револуции. Нејзините ракописи и предавања се протегаат низ широк спектар на прашања, вклучувајќи ги атеизмот, слободата на говорот, милитаризмот, капитализмот, бракот, слободната љубов и хомосексуалноста. Иако се дистанцира од првиот бран на феминизмот и неговите напори кон правата на глас на жените, таа наоѓа начин да ја вклучи родовата политика во анархизмот. По децении опскуртност статусот на Голдман беше обновен во 1970-те години, кога изучувачите на феминизмот и анархизмот го обновиле интересот за нејзиниот живот.

Животопис Семејство Ема Голдман потекнува од православно еврејско семејство кое живеело во градот Каунас, Литванија (поранешно Коцно во времето на Руската Империја). Мајката на Голдман, Тауб Бјенович (Taube Bienowitch) имала две ќерки од нејзиниот прв брак, Хелена (родена во 1860 година) и Лена (родена во 1862 година). Кога нејзиниот прв маж починал од туберколоза Тауб била уништена од тага. Голдман за својата мајка подоцна напишала: „Љубовта која ја имала умрела со тој млад човек за кого се омажила на петнаесет години“.

Вториот брак на Тауб бил договорен од нејзиното семејство, или како што Голдман го нарекува „погрешен од старт“. Вториот маж на Тауб, Абрахам Голдман го инвестирал наследството на Тауб во бизнис кој набрзо пропаднал. Тешкотиите кои следеле комбинирани со емоционалната раздалеченост на мажот и жената го направиле домот тешко место за живеење за децата. Кога Тауб затруднела Абрахам очајно се надевал за син бидејќи ќерка, според него, би била уште еден неуспех.Drinnon, Rebel, с. 5. На крајот тие имале три сина, но првото дете била Ема.

Ема Голдман се родила на 27 јуни 1869 година. Абрахам користел насилство како форма на дисциплина, тепајќи ги децата кога тие биле непослушни. Камшикот бил користен само врз Ема, најбунтовната од сите деца.Chalberg, с. 13. Нивната мајка нудела малку утеха, ретко опоменувајки го Абрахам да го ублажи насилството.Drinnon, Rebel, с. 12. Голдман подоцна шпекулира дека бесниот темперамент на Абрахам барем делумно бил поради неговите сексуални фрустрации. Односите на Голдман со нејзините полусестри Хелена и Лена биле драстично различни. Хелена, најстарата од сестрите, нудела утеха која тие не ја добивале од нивната мајка, таа го исполнила детството на Голдман со „таа малку радост што ја имало“. Но Лана била далечна и немилосрдна. Трите сестри имале три браќа Луис (кој починал на шест години), Херман (роден во 1872 година), и Моис (роден во 1879 година).Wexler, Intimate, с. 13–14.

Адолесценција Додека Голдман е сè уште млада девојка таа со своето семејство се преселува во селото Папил (Papilė) каде нејзиниот татко води ин. Додека нејзините сестри работеле таа станува пријател со момче од послугата по името Петрушка, кој прв ја „возбудил сексуално“. Подоцна во Папил таа е сведок на камшикување на селанец кое ќе ѝ нанесе трауми и ќе придонесе кон нејзината одбивност кон насилен авторитет.

На возраст од седум години Голдман се преселува заедно со нејзиното семејство по прускиот град Кенигзберг (тогаш дел од Германското Царство) каде се запишува на училиште. Таму наставникот ги казнува учениците, а особено Голдман, удирајки ги по рацете со линијар, додека пак друг наставник се обидува да ги злоставува ученичките но е отпуштен кога Голдман му се спротивставува. Таа пронаоѓа ментор во наставникот по германски јазик кој ѝ позајмува книги и дури ја носи на опера. Како страстен ученик Голдман го положува приемниот испит за влез во гимназија, но наставник по Религија одбива да ѝ додели сертификат за добро однесување поради што таа не е во можност да присуствува на настава.Drinnon, Rebel, с. 6–7.

Семејството на Голдман потоа се сели во Санкт Петербург каде нејзиниот татко отвора неколку неуспешни продавници. Сиромаштијата е причина децата да започнат со работа, Голдман работела на низа работни места вклучувајќи и продавница за корсети.Chalberg, с. 15. Како тинејџер Голдман го моли својот татко да и дозволи да продолжи со нејзиното образование на што тој ја фрла нејзината книга по француски јазик во огнот и вика: „Девојките не треба да научат многу! Се што една еврејска ќерка треба да знае е тоа како да спреми полнета динстана риба (gefilte fish), тенко да сече тестенини и да му роди на мажот многу деца“

Но сепак Голдман го продолжува своето образование на своја рака, наскоро таа ја проучува политичката атмосфера, особено нихилистите одговорни за атентатот на Александар II од Русија. Последиците од овој акт ја заинтригирале Голдман иако таа целосно не ги разбира. При читањето на романот „Што да се направи?“ од Чернишевски таа пронаоѓа херој во протагонистот Вера која ја присвојува нихилистичката филозофија и побегнува од своето опресивно семејство за да живее слободно и да организира шијачка здружение. Книгата ја освојува Голдман и ѝ служи како инспирација во текот на нејзиниот живот.

Во меѓувреме нејзиниот татко инсистира нејзината иднина да биде семејниот живот, тој дури договара таа да биде омажена на возраст од петнаесет години. Поради овој проблем тие постојано се караат при што тој се жали дека таа станува „лабава“ жена, а Голдман инсистира дека таа ќе се омажи само од љубов. Додека работи во продавницата за корсети таа е приморана да ги одбие понудите од руски офицери и останати мажи. Еден упорен стројник присилно ја носи во хотелска соба и извршува, според зборовите на Голдман „насилен контакт“, додека пак два биографи подоцна ова го нарекуваат силување. Таа е шокирана од случајот и обземена од „шокот од откритието дека контактот помеѓу мажот и жената може да биде толку брутален и болен“ Голдман мисли дека оваа случка засекогаш ги замаглува нејзините односи со мажите.

Рочестер, Њујорк thumb|десно|Ема Голдман во 1886 Во 1885 година, Хелена прави планови да се пресели во Њујорк каде ја чека Лена со својот маж. Голдман планира да им се придружи на сестрите во Њујорк, но нејзиниот татко тоа не го дозволува. И покрај понудата на Хелена да ги покрие трошоците за патот, Абрахам одбива. Голдман во очај се заканува дека ќе се фрли во реката Нева доколку не ѝ биде дозволено да оди. Абрахам конечно се согласува и на 29 декември 1885 година Голдман и Хелена пристигнуваат во Замокот Гарден во Њујорк.Wexler, Intimate, с. 27. Тие се вселуваат во домот на Лена и нејзиниот маж Самуел во Рочестер. Бегајќи од растечкиот антисемитизам во Сан Петесбург родителите и браќата на Голдман пристигнуваат во Њујорк една година подоцна. Голдман тогаш започнува да работи како шијачка шиејки мантили 10 часа дневно за плата од 2,5 долари неделно. Голдман побарува покачување на платата и е одбиена при што поднесува отказ и се одлучува да работи во помала продавница во близина.Wexler, Intimate, с. 30–31.

На новото работно место таа го запознава Јакоб Кершнер кој ја дели нејзината љубов кон книги, играње и патување како и нејзината фрустрација кон монотијата на фабричката работа. По неколку месеци познавање тие се венчаат во февруари 1887 година.Falk, Love, с. 15–16. Меѓутоа, нивната врска страда по неговото вселување во куќата на Голдман во која воедно живее и семејството на Голдман. За време на првата брачна ноќ Голдман дознава дека Јакоб е импотентен, и по ова тие се емоционално и физички далечни. Набрзо тој станува љубоморен и се сомнева во неа. Во меѓувреме Голдман станува се по вклучена во политичките немири од периодот, а особено во последиците од аферата Хајмаркет во Чикаго и анти-авторитетната филозофија на анархизмот. За помалку од една година од свадбата Голдман и Јакоб се разведуваат по што тој ја моли да се врати заканувајки се дека ќе се отруе. Голдман се согласува да се врати но по три месеци повторно го напушта. Родителите на Голдман ваквото нејзино однесување го сметаат за „лабаво“ и одбиваат да ја примат во својот дом. Носејќи ја машината за шиење во една рака и чанта со пет долари во другата Голдман се упатува кон Њујорк.

Мост и Беркман За време на нејзиниот прв ден во Њујорк, Голдман се запознава со двајцата мажи кои ѝ го променија животот засекогаш. Во кафуле кое е познато како собиралиште за радикали, Голдман се запознава со Александар Беркман, и самиот анархист, кој ја поканува на јавен говор истата вечер. Говорот го одржува Јохан Мост, урединик на радикалниот магазин „Фаренхајт“ и приврзаник на „пропаганда на дело“ – користењето на насилство за иницирање промени. Голдман е импресионирана од ораторството на Мост при што тој се одлучува да ја земе под своја закрила и да ја обучува во јавно говорење. Тој ја поттикнува Голдман велејќи ѝ: „ќе го заземеш моето место кога јас нема да бидам тука“. Еден од првите говори во одбрана на својата „кауза“ Голдман го одржува во Рочестер. Откако ќе ја убеди Хелена да не каже на нивните родители за говорот, Голдман излегува на бината каде тремата ја надвладува. Tаа подоцна напишала дека одеднаш:

„нешто чудно се случи. Во секунда ги видов сите инциденти кои ми се случија во Рочестер во минатите три години, фабриката Гарсон, понижувањето, мојот пропаднат брак, неправдата во Чикаго... Започнав да зборувам. Зборови кои никогаш ги немам изустено започнаа да излегуваат од мојата уста сè побрзо и побрзо. Доаѓаа со страствен интезитет. Публиката исчезна, самата просторија не постоеше, бев свесна само за моите зборови, само за мојата екстатична песна“