Старчишта (, Перитори; до 1927 г. Στάρτιστα, Старциста) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-христијани и Македонци муслимани. Второспоменатите во изворите погрешно се водат како „Турци“.
Географија Селото се наоѓа во Елеската Котлина во подножјето на Црна Гора во историско-географската област Мрвачко. Лежи на 12 км југозападно од Зрново. Изградено е на рид наречен Кукуљ.
Историја
Во Отоманското Царство За време на Преродбата Старчишта било едно од големите, будни и стопански развиени села на Неврокопската Каза со македонско население и мало влашко малцинство. До средината на XIX век било расцутна рударска населба. Малата селска река е богата со магнетитен песок и по нејзиното течение има многу задми (руди), па затоа се нарекува и Задменска Река. Во селото имало две печки и еден самоков кои работеле до крајот на XIX век. Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1835 г., а „Живоносен Извор“ е од 1876 г.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал за Старчишта:
Во 1855–1856 г. во селото е отворено училиште на грчки. Просветата доживеала голем расцут од 1867 до 1870 г. за време на учителот Никола Падарев, кога е воведен мајчиниот јазик во училиштето и црквата. Наставата се одвивала по заемоучителниот метод.Автобиография на Спас Прокопов. "Просветното дело в Неврокоп /Гоце Делчев/ и Неврокопско през Възраждането". София, 1979, стр.195 Во 1873–1874 г. учител во селото бил Димитар Мавродиев. Во Старчишта се создале две страни — главна македонска и малобројна влашка, поддржана од власта. Судирот меѓу двата табора особено се засилил по 1876 г. кога доаѓа до тепачка во црквата и приведување на водачите на македонската страна. Спорот завршил во полза на Македонците, а серскиот силогос одбил парична помош за изградба на посебна црква и училиште за Власите.Автобиография на Спас Прокопов. Просветното дело в Неврокоп /Гоце Делчев/ и Неврокопско през Възраждането. София, 1979, стр.195
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Старчишта (Startchischta) било село со 325 домаќинства на 880 Македонци христијани 180 муслимани.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Старчишта како село со 259 македонски и 75 „турски“ куќи.
В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:
Во 1891 г. Васил К’нчов минал низ Старчишта и напишал:
Според К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало вкупно 2.265 жители, од кои 1.700 Македонци-христијани, 520 „Турци“ и 45 Власи.
Во селото работеле и грчката и бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Старчишта имало 2.320 Македонци егзархисти, 96 Македонци патријаршисти, 84 Власи и 18 Роми. В селото функционира основно бугарско училиште со 2 учители и 86 ученици, како и грчко основно училиште со 1 учител и 8 ученици.
По 1904 г. во грчкото училиште предавале учителката В. Пасхали и учителите Г. Зјогас, Георгиос Тријандафилидис, Л. Јоанидис и ќерка му Јоаниду.
Поголемата селска црква „Св. Никола“ e изградена во 1835 г. и им припаѓала на егзархистите. Подоцна била живописана со епизоди од бугарската историја и проповед на македонските светители Кирил и Методиј.
Во извештај до владиката Иларион Неврокопски од 1909 г. Старчишта е опишано вака:
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението се намалило на 1.951 жители поради бегството при налетот на грчката војска. Во 1920 г. нивниот број се намалил на 1.539. Голем број на семејства се преселиле во Бугарија. За време на бугарската окупација на селото во Првата светска војна во селото служел попот од пиринското село Тешово преку границата.
Во 1919 и 1925 г. повторно дошло до преселба во Бугарија — во Неврокоп и околината, во Пештера, Пловдив и др. По 1934 г. официјално во Бугарија се иселиле 542 лица. На нивно место се доведени неколку десетици грчки колонисти од Мала Азија. Во 1927 г. селото е преименувано во Перитори. Во 1928 г. Старчишта било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.377 жители, од кои 811 лица (213 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани. Во 1940 г. селото имало 2.579 жители, но 500 од нив биле војници од пограничниот гарнизон. Во 1945–1946 г. уште жители на селото се иселиле во Бугарија.
Во февруари 1945 г. селото е нападнато од четата на Теодос Бурџис, која убил 7 лица, а много од жителите избегале во Бугарија.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония-мит или реалност, София, 1996, стр. 277.
По 1960-тите почнало иселување во големите градови. Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски култури, а се занимава и со сточарство.
Во 1986 г. Старчишкиот конак е прогласен за споменик на културата.
+ Месности во Старчишта преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Бутун Μπουτούνι Лаготопос Λαγότοπος врв на Црна Гора на З од Старчишта Бутун Μπουντούνι Лагорема Λαγόρρεμα река на С од Старчишта Кури Тепе Κουρί Τεπέ Ксиролофос Ξηρόλοφος врв на Црна Гора на ЈЗ од Старчишта (905,2 м)
Население
а Вбројани се 500 војници од пограничниот гарнизон во селото.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Никола“ од 1835 г. Црква „Живоносен Извор“ од 1876 г. Старчишки конак — дом на месниот бег
Личности Анастас војвода — ајдутин и револуционерКирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 482. Атанас Гуштанов (о. 1850 – ?) — просветен деец Атанас Попв’лчев (1890 – 1922) — револуционер, деец на ВМРО поп Атанас Хрисимов (о. 1820 – 1889) — црковен деец Георги Месов (Бир Бучука, 1880 – по 1943), — револуционер, деец на ВМОРО Димитар Запрев (? – 1909) — револуционер Димитар и Георги Варадинови (Варадеви), дејци на ВМОРО, учесници во Илинденското востание со четата на Атанас Тешовалијата и во воспоставувањето на Егзархијата во Драмско и Неврокопско. Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна со V Пешадиски македонски полк, по доаѓањето на комунистичкиот режим во Бугарија се иселил со синот во Торонто, каде починал на возраст од 103 години Димитар Георгиев (Δημήτριος Γεωργιάδης, Димитриос Георгијадис) — гркомански андартски деец, училиштен настојник, добивал пари од грчкиот конзулат за неговата дејност Димитар (Митруш) Славков — револуционер, деец на ВМОРО, починал пред 1918 г. Зјогас (Ζιώγας) — гркомански андартски деец, училиштен настојник, добивал пари од грчкиот конзулат Иван Гаваљугов — општественик Иван Герчев — револуционер, деец на ВМОРО, жив во 1918 г. Иван Келпеков (? – 1945) — револуционер Иван Аврионов (Ιωάννης Αβριωνίδης η Αβριώνης, Јоанис Аврионидис или Аврионис, 1887 – ?) — гркомански андартски деец, четник и врска со Серскиот конзулат, убиен во борба со Македонци Илија Дедостефанин — револуцонер, деец на ВМРО Илија Иванов (Ηλίας Ιωάννου, Илијас Јоану) — гркомански андартски деец, училиштен настојник, добивал пари од грчкиот конзулат Коста Хрисимов – Смилец — револуционер Никола Атанасов Грманлиев (1912 – 1944) — партизан во Бугарија, јатакСписък на убити партизани Никола Наков (Νικόλαος Νάκου, Николаос Наку) — гркомански андартски деец и училиштен настојник, добивал пари од грчкиот конзулат Стојан Бумков — револуционер, деец на ВМРО Стојан Карастоилов (Стојан војвода) (1848 – 1878) — револуционер Стојан Филипов (1877 – 1944) — револуционер Тодор Паскалев (1870 – ?) — револуционер Тодор Илиев Киркаков (1914 – 1944) — партизан во Бугарија, јатак Тодор Старчишки (Тодор војвода) — ајдутин и револуционер
Наводи
Категорија:Старчишта