Дреново или Драново () — село во Општина Драма во Драмскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 38 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 330 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 Турци и 330 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 688 македонски гркомани. Освен тоа, во селото работело и грчко училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 204-205..
Грција
По започнувањето на Балканските војни, од селото како доброволци учествувале две лица во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.835.. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 612 лица.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Монастираки.
+ Места во заедницата Дреново преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 година Име Име Ново име Ново име Опис КуриловоПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ Κορίλοβον Ипсома Аделфон Захаропулу 'Υψωμα Αδελφών Ζαχαροπούλου врв на Боздаг на Ј од Дреново (623,8 м) Даблаџик Νταμπλατζιόκ Игрон Рема 'Υγρὸν Ρέμα реката на Дреново, притока на Драматица Калут Καλούτ Ливадија Λιβάδια реката на ЈЗ од Дреново, притока на Драматица Куси Κούσι Спургитис Σπουργίτης врв на Боздаг на ЈЗ од Дреново (730,8 м) Кемери Κεμέρι Крипсонес Κρυψώνες месност на Боздаг на С од Дреново
Демографија
Во 1928 година во селото биле населени 24 грчки бегалски семејства со вкупно 109 луѓе. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 676 лица, додека во 1940 година селото броело 707 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 676 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 718 жител, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 670 жители, додека во 1991 година имало 710 жители. Денеска, населението на селото е 785 жители според пописот од 2011 година.
Знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1842 г.
Наводи
Категорија:Драма (општина)