Либотен (Љубетин или Љотин; )Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 38 километри источно од градот Драма и на 20 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 460 метри.
Историја Отоманско Царство
Во отомански попис од 1500 година во Либотен (Леботи) биле регистрирани 3 лицаГандев, Христо. Българската народност през XV век, II издание. София, Наука и Изкуство, 1989. OCLC 65565171.. Во детален регистар на санџакот Паша од 1569-70 година селото е наведено дека ги плаќа своите даноци и е наведено дека во него живееле 54 муслимански семејства од кои 34 муслимани не биле женети, 1 немуслиманско семејство од кое 1 не бил оженетСтојановски, Александар. Турски документи за историјата на Македонија. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Сер и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе, Државен архив на Република Македонија, 2007. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759. с. 82-83..
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 188 жители македонски муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокордатос.
Демографија
До 1928 година во селото биле населени 157 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 157 жители, додека во 1940 година селото броело 171 жител. Селото во пописот од 1961 година броело 199 жители, во 1971 година имало 111 жители, во 1981 година имало 81 жител, додека во 1991 година имало 87 жители. Денеска, населението на селото е 59 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Бук Категорија:Чеч